Огранизирање на сопственото време и простор за напредување  е токму она што повеќето од нас го посакуваат во кариерниот пат. Игор Минарков е магистер по интелектуална сопственост кој реши да ја промени својата кариера од правник во програмер. 

Една година по завршувањето на Академијата работи на многу фриленс проекти и е Асистент на Академијата во Brainster.  Вика дека  ова е една од најдобрите одлуки што ги има направено во животот и едвај чека да види во која насока ќе се движи неговата понатамошна кариера.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Доколку размислуваш за слична промена на кариера целата програма и сите детали за академијата можеш да ги прoнајдеш тука.

Која е твојата позадина во формално образование? Дали отсекогаш размислуваше да учиш програмирање? Како дојде до оваа идеја? 

Јас имам завршено Правен факултет и сум магистер по интелектуална сопственост. За програмирање, реално никогаш и немав размислувано, но да работиш од каде сакаш, да си слободен во организирање на сопственото време како и можност за вистинска кариера, во која можеш да напредуваш, ми ја создаде првичната идеа за јас да го направам првиот чекор. Потоа, кога ги напишав првите редови код, сфатив дека ова е професија за мене.

 Како се одлучи за Brainster? Што беше пресудно да не одбереш нас? 

Кога решив да се запишам на академија за програмирање, почнав да истражувам и да барам сугестија од пријатели. Веќе повеќето од нив, имаа одлично искуство со академијата и ме охрабрија да аплицирам на страната на Brainster. Дадената можност за темелно изучување на програмата, како и поврзување со понатамошни клиенти, беше пресудно, за јас да ја одберам токму оваа програма.
 
Работиш фриленс на еден куп проекти, раскажи ни за тоа искуство, како стигна до таму?

На академијата бев доста фокусиран. Сакав детално и темелно да ја изучам материјата за да бидам добар во тоа што ќе го работам. Пред предавање на третиот, односно последниот проект, почнав да аплицирам на проекти за кој сметав дека можам да ги изработам. За среќа, бев прифатен на повеќето проекти и сега работам паралелно на проектите и како асистент во Brainster.

Моментално си  асистент во Brainster, како си поминуваш?
 
Си поминувам супер. Тимот на Brainster е навистина одличен. Работната атмосфера е опуштена, но секој си ги знае своите обврски.


Што е она кое го научи тука, а сметаш дека не можеше на друго место?
 
React Js. Многу од поискусните програмери сметаа дека за ова ќе треба многу време, беа скептични дека за толку краток рок може да се совлада една ваква материја, која тие ја совладувале со години. Одличните предавања на професорот, како и менторските сесии навистина ми помогнаа сега јас да можам да работам не само со React Js, туку и со други програми, платформи и програмски јазици. 


Кога би требало да ги советуваш сите кои размислуваат дали да се запишат на програмирање кои три клучни пораки би сакал да ги пренесеш?
 
Најпрвин, дека е многу интересно и дека работната средина е супер. Упорност! Да не се откажуваат на првите проблеми со код. Уживајте во процесот.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Доколку размислуваш за слична промена на кариера целата програма и сите детали за академијата можеш да ги прoнајдеш тука.