Александар Ралис е алумни од Академијата за Full Stack програмирање кој се вработи во Komuna.dev веднаш по завршувањето на предавањата.  Komuna.dev е тим од freelance софтвер девелопери и местото каде Александар ќе продолжи да ги надградува своите вештини.


Дознајте повеќе што ни раскажа тој за неговото работно место и искуството од Академијата 


За почеток, кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Александар, имам 26 години, роден сум и живеам во Скопје. Сите ме викаат Ралис, можеби поради тоа што моето презиме не е баш секојдневно. Во програмирањето сум „rookie“, но тоа дефинитивно е мојата животна професија. Во приватниот живот сум прилично комуникативен и сакам да ширам познанства. Живеам како и секој млад човек во денешно време. Имам широк круг на пријатели, сакам да играм видео игри, возам велосипед и повремено се релаксирам со добра книга. Сепак, моето главно хоби е музиката и голем дел од своето слободно време го поминувам во друштво со гитарата.

 

Што е она што те натера да се насочиш кон програмирањето? Дали имаше „Еурека“ момент или ја донесе таа одлука по подолго размислување?

Пред да се одлучам да учам програмирање размислував околу две години на таа тема. Уште во 2017 година прв пат сам се обидов да напишам код. Иако во тој период студирав на факултет кој обработува сосема друга програма, мојот интерес кон програмирањето продолжи да се развива и сѐ повеќе размислував дека треба да ги напуштам тогашните студии и да започнам да учам програмирање. Пресудна беше мојата желба да работам нешто што е динамично и нешто што секојдневно ќе бара соочување со предизвици за кои е неопходно логичко размислување.

 

Неодамна заврши со Академијата, па сите искуства и сеќавања ти се свежи. Твојата група започна во првите моменти од прогласувањето на пандемијата на глобално ниво. Раскажи ни на кратко како е да се учи програмирање remote?

Сите моменти во животот имаат предности и недостатоци. Да се учи програмирање remote има предност што предавањата се снимени и студентите можат да ги погледнат во секој момент и да се потсетат на сѐ. Единственото нешто што недостасува се паузите помеѓу часовите преку кои се социјализираме со колегите и стекнуваме нови познанства. Сѐ друго останато е исто како во училница.

 

Кои се најдобрите практики на учење што ги имаше ти како студент за време на Академијата? Што би рекол дека е „најдобар рецепт“ за да се совлада сè што е предвидено во програмата?

Најдобар рецепт за совладување на програмата на Академијата за Full Stack програмирање е редовно да се следат предавањата со полна концентрација. За сѐ што е нејасно да им се поставуваат прашања на инструкторите, менторите и асистентите. Не треба да остане нешто неразјаснето и треба постојано да се биде во тек со наставата. Дисциплинирано да се изработуваат предизвиците и проектите, а тоа подразбира секојдневно работење на нив. Програмирањето бара континуитет и посветеност за да се постигнат саканите резултати.

 

Неполна недела по официјалното завршување на редовните предавања ти веќе скокна во IT светот и се вработи. Честитки! Раскажи ни малку повеќе за овој процес, како ти е на работа, кои ти се главни обврски вака за почеток на твојата кариера?

Сѐ се случи некако набрзина и неочекувано. И јас не можам да поверувам дека мојата желба е исполнета. Конечно го работам она во што се пронајдов, благодарение на посветеното време, вниманието и вложениот труд. Од работата сум презадоволен и го работам баш тоа што сакам – бекенд. Главна работна обврска ми е MySql, односно работа со бази на податоци.

 

3 кратки и брзи прашања:

  • Омилен инструктор?

    Ивица и Симеон
  • Еден момент што би го одвоил како хајлајт од целата Академија?

    Советите на Ивица за тоа кои прашања може да ни се паднат на интервју.
    П.С. Сите се паднаа.

 

За крај, неминовното прашање – што би им препорачал на сите оние кои допрва размислуваат да започнат да учат и да градат кариера во оваа област?

Да веруваат во себе, во своите квалитети и способности. Да знаат дека ништо не е невозможно и дека најдобрите резултати се постигнуваат тогаш кога мотивот и желбата ќе се преточат во континуирана работа која истовремено бара многу трпение и внимание. 

 

Започна новиот уписен рок на Академијата за Full Stack програмирање.

Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академија за Full Stack програмирање.

Закажи средба за повеќе информации со нашиот student success manager.

Побрзај и резервирај го своето место на време!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.