Александар Атанасов е алумни од нашата Академија за Full Stack програмирање. Тој беше еден од најдобрите студенти, со конзистентност во учењето и изработката на домашните и проектите, што го доведе до целосна промена на кариерата и вработување како full stack/back-end програмер во компанијата Personnel Ltd.
Си поразговаравме со Александар за неговото искуство како студент и за новото работно место
Раскажи ни на кратко за тебе – Кој е Александар?
По професија сум дипломиран економист на отсекот за финансиски менаџмент. Кратко по завршувањето на студиите решив да отворам сопствен бизнис во трговскиот сектор со кој се занимавав во последните 5 години.
За време на работењето во новата дигитална ера беше неизбежна дигиталната трансформација на нашата компанија. Тогаш почнав да истражувам и работам во насока нашата компанија да биде поприсутна во дигиталниот свет за разлика од нашата тековна конкуренција. Работењето на наша сопствена веб страна, нејзиниот развој, одржувањето и барањето на начини да допреме до што повеќе луѓе преку неа, ми ја разгори пасијата кон програмирањето и сѐ што е поврзано со ИТ светот.
По извесно време самостојно учење од различни ресурси, решив да се запишам на Академијата за Full Stack програмирање на Brainster и да се надградувам, што придонесе целосно да се посветам на учењето и на крај да влезам во ИТ светот како full-stack developer.
Ти си уште еден од луѓето кои потврдуваат дека со упорност и посветеност може да се постигне сè во животот. Како си помина на Академија за Full Stack програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на технологиите? Кои се најдобрите практики за учење?
На Академијата за Full Stack програмирање си поминав супер од секој аспект. Во врска со процесот на учење, секоја нова технологија што ја изучувавме си носеше свои предизвици, но со редовна работа во насока на разбирање на логиката и синтаксата на секоја од нив, на крај резултираше со успех.
Во врска со практиките на учење, најдобра пракса за мене беше да работам на нешто без да се откажувам сѐ додека не го најдам вистинското решение и потоа пак од почеток, со цел да најдам ново и подобро решение. Не постои единствена и универзална практика на учење, па така секој треба да си ја најде сопствената практика на учење и да ја применува.
По завршувањето на Академијата, иако по краток период на двоумење дали да промениш кариера и од свој бизнис да се префрлиш на работа во IT светот, сепак се одлучи за второто и веќе неколку месеци работиш во Personnel Ltd. Како ти е на работа? Можеш ли да ни откриеш на што работиш, со кои технологии?
Веќе 4 месеци работам како full-stack developer во Personnel Ltd. Атмосферата на работа е динамична и исполнета секојдневно со нови предизвици. Имам целосна поддршка од тимот со кој работам и успешно ги решаваме сите проблеми на кои налетуваме во текот на работењето. Во компанијата работиме на сопствен продукт кој го користат многу клиенти, а дел од технологиите што ги користиме се: Php, Laravel, Javascript, Jquery кои исто така ги изучувавме и на самата Академија.
Покрај твојата full time работа, запознаени сме и дека заедно со двајца колеги од Академијата започнавте и свој start-up, Our Mind. Како се одвиваат работите на тоа поле? Зарем се постигнува и full-time ангажман, и работа на свој продукт паралелно?
Уште за време на Академијата заедно со двајца колеги од претходната генерација, решивме да работиме на сопствен продукт кој ни беше првично наменет за наш личен развој како програмери, но за среќа после повеќе од една година посветеност и упорна работа настана Our Mind, која е целосно интегрирана онлајн платформа за ментално здравје. Активно сѐ уште работиме на неа и се додаваат нови функционалности, што многу ме радува. Работењето full time во компанија, па и на свој продукт, воопшто не е лесно, но доколку тоа што го работиш те исполнува можеш да постигнеш сѐ што си замислил.
3 кратки и брзи прашања:
- Омилен модул на Академијата?
Php, Laravel.
- Омилен инструктор?
Ивица Пешовски, кратко и јасно. 🙂
- Еден момент што би го одвоил како хајлајт од целата Академија?
Работењето на реални проекти и соочување со реални проблеми.
За крај – Што е она што тебе те убеди да се запишеш на Академијата и да промениш кариера? Можеби токму тоа ќе ги мотивира и оние кои допрва размислуваат за кариера како програмери да преземат ваков чекор.
Во време на дигитална ера, дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна и морална. Поради тоа решив дека сега е вистинското време да се запишам на Академијата и да ги развивам тие вештини. Или како што би рекол Ивица – „Кој ќе почне со учење дигитални вештини денес ќе има помалку работи за совладување, од тој што ќе почне утре“.
Започна новиот уписен рок на Академијата за Full Stack програмирање.
Дознај повеќе како да започнеш кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академија за Full Stack програмирање.
Закажи средба за повеќе информации со нашиот student success manager.