Радмила Серафимоска е алумни од Академијата за Full Stack Програмирање и една од оние кои решија да направат целосна промена во сопствената кариера. Нејзината љубов кон учењето и континуираното надградување на сопствените вештини придонесе веднаш по завршување на Академијата да започне три-месечна пракса во софтверската компанијата King ICT. Од дипломиран наставник по англиски јазик и литература, како и магистер по педагошки науки, направи целосна трансформација и влезе во IT светот. Таа ни раскажа дека ова е најдобрата одлука која што ја направила и дека со голема упорност може да се постигне сè! Прочитајте што таа ни кажа за нејзиниот процес на учење и развој како Full Stack програмер и предизвиците со кои што се соочила при промена на кариерата.
Радмила, ти си една од оние кои што се охрабрија да направат комплетна кариерна промена и успеаа во тоа! Раскажи ни повеќе за твојата желба да учиш програмирање.
Пред да се запишам на Академијата за Full Stack Програмирање, работев како наставник по англиски јазик и бизнис во основно училиште. Истовремено, менаџирав проекти на интернационално ниво во граѓанска организација. После моето 5 годишно искуство како наставник, решив да направам целосна промена во кариерен поглед. Го сакам процесот на учење и практикувам во секој период од мојот живот да учам нешто ново. Во изминатите години, тоа беа јазиците (зборувам 5 јазици, и учам уште неколку), а сега веќе учам и програмски јазици. Програмирањето, од тогашна перспектива, ми изгледаше како долг процес на учење, а и долго време ми беше желба, па од таму и мојата одлука да се запишам на Академијата.
Што беше пресудно да го одбереш Brainster во процесот на промена на кариера?
Моето искуство како наставник беше супер, и јас уште многу си ја сакам професијата. Сепак, после 5 години поминати на истата работна позиција почувствував дека можам и сакам да напредувам. Во рамките на образование, во моментот не гледав дека има некоја можност која би ми била доволен предизвик за да можам да напредувам и да растам на професионален план. Поради тоа, решив желбата за учење и желбата за програмирање да ги спојам во едно. Размислував за неколку опции, меѓутоа кога ја видов програмата на Академијата од Brainster, сфатив дека тоа е тоа што мене ми треба. Програмата беше доста обемна и ги опфаќаше сите технологии кои мене, како на почетник, ми беа потребни во тој момент. На разговорот во Brainster ми објаснија дека академијата е навистина сериозен процес на којшто треба да се посветам. Тој разговор ми внесе доза реалност во целиот мој план за кариерна промена. Јас бев сериозна во мојот план, но ми требаше сериозна поддршка за да го направам истото. Во мојот случај тоа беше Brainster.
Раскажи ни повеќе за твоето искуство со Академијата. Кој беше најголемиот предизвик со кој што се соочи како студент и како се мотивираше да продолжиш напред?
Академијата беше доста интересен процес за мене. Преку ден предавав англиски, а навечер учев програмирање. Имавме супер предавачи и асистенти, како и целосна поддршка од координаторот на академијата. Она пак во кое што најмногу уживав, беа колегите со кои што често знаевме да решаваме „проблеми“ и после предавањата. Тој круг на колеги од IT светот постепено се шири, но кога бев целосен почетник, колегите ми беа доста важен елемент од целиот процес. Она кое што би го истакнала од академијата како суштинско беа вежбите како и работењето на реални проекти. Како што поминуваа неделите имав се повеќе готови проекти. Иако бев почетник, веќе имав богато портфолио со кое што можев да се претставам на пазарот. Програмата и курикулумот на академијата се така направени, што доколку човек сериозно си ја сфати работата и доволно се посвети, ќе успее да го најде патот до IT светот.
Веднаш по презентацијата на завршниот проект, успеа да влезеш во IT светот започнувајќи три-месечна пракса во King ICT. Како академијата те подготви да се справиш со предизвиците таму?
Праксата во King ICT беше мојот прв контакт со работната динамика на IT светот. Доаѓам од многу различна работна средина, и секојдневното работење во King ICT внесе една позитивна промена и свежина во моето работно секојдневие. Тогаш сфатив дека Академијата за Full Stack Програмирање билa мојот правилен избор, не само поради програмирањето, туку и поради тоа што ме подготви да го развијам правилниот mindset за да работам како програмер. Помеѓу теорија и пракса нема знак еднакво, меѓутоа проектите, а и динамиката со која што ги работевме истите, сепак успеа да ме подготви и повеќе да ме доближи до реалноста на работењето во IT. Некако се заљубив во решавање на проблеми и сега секое работно утро го започнувам со уживање.
Што е она што ѝ е потребно на една личност којa нема претходно искуство, а има желба да дојде до нова кариера како Full Stack програмер?
За мене, најважно беше да го прифатам фактот дека се уште сум почетник. Бев свесна дека треба уште многу да учам со целосна посветеност кон процесот. Градење на односи со колеги од IT светот, со коишто можев да соработувам и да учам, поставување прашања и континуитетот се тие кои исто така ми беа од голема помош во целиот период на учење. Сметам дека нема еден унифициран начин за доаѓање до IT кариера. Секој почетник треба да ги разгледа и искористи ресурсите и предиспозициите со кои што располага. Во мојот случај тоа беше желбата за учење, љубовта кон решавање на проблеми и секако упорноста.
Што би им порачала на сите оние што размислуваат да направат промена на својата кариера во блиска иднина?
Направете еден план за тоа како сакате да ја направите таа кариерна промена, поставете си цели и под-цели. Дајте си реално време и простор за истото. Побарајте надворешна поддршка и помош ако е потребно. Можеби ќе биде лесно, можеби нема. Најважно е да истраете во процесот и да верувате во себе. Крајниот резултат, верувајте, ќе вреди.
За крај, сподели им на студентите кои допрва ќе започнат да учат програмирање еден совет како најефикасно и успешно да ја следат програмата на Академија?
Академијата беше таа што најмногу ми помогна да ја постигнам промената на кариерата. Токму поради тоа сметам дека треба да се стави на листата со поголем приоритет. Посветете се максимално, поставувајте прашања, соработувајте со предавачите и колегите и верувајте дека ќе успеете!
Ако размислуваш за ваква кариерна промена, дознај повеќе информации за Академијата за Full Stack Програмирање овде.
Уписите за новите групи започнуваат на пролет. со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата и резервирај го своето место на време!