Ивана Бешлиќ е алумни од Академијата за Front-End програмирање која се реши да направи целосна кариерна трансформација и започна да работи како Front-End Junior Developer. Нејзиното ново работно место е компанијата Optima, каде Ивана ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од оваа Академија.

 

Во продолжение си поразговаравме со Ивана за нејзиното работно место и искуството како студент

 

Здраво Ивана! Ти си наш алумни студент од Академијата за Front-End програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Ивана?

Јас сум Front-End Junior Developer кој е зависник од предизвици и адреналин. Имам огромна желба за учење на нови нешта и амбиција за големи остварувања. Пред да ја започнам Академијата, магистрирав на Архитектонскиот факултет во Скопје, и неколку години работев како архитект, но интересот за програмирањето отсекогаш бил присутен.

 

Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Front-End Junior Developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?

Ви благодарам за честитките и огромни пофалби до целиот тим на Академијата, одлични сте! Отсекогаш ме фасцинирало програмирањето, бидејќи со креативен пристап и примена на техничките способности може да се креира сѐ. Се одлучив конкретно за Front-End програмирање бидејќи фокусот е кон UI, а со моите претходни знаења од областа на архитектура и дизајн би можела да понудам дополнителни вредности во професијата.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Целата Академија беше прекрасно искуство за мене, бидејќи за само една година, без никакво претходно знаење, добив доволно знаење да изградам целосна web апликација. Секако дека имаше доста предизвици во процесот на учење, би кажала особено во моментот кога започнувавме со учење на JavaScript, но достапноста на инструкторите за било какви прашања и консултации, помогнаа за лесно и брзо совладување на материјалот.

 

По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата Optima. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?

Покрај стекнатото знаење на Академијата, кариерните подготовки кои ги имавме во склоп на Академијата навистина придонесоа да изготвиме солидно CV и портфолио кое остава доволно добар впечаток кај работодавците со што би ни пружиле шанса за разговор. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Ја работам работата која ја сакам и ме исполнува. Работам во тим од истомисленици. Нема досаден ден на работа, особено за Junior Developer, бидејќи секој ден е предизвик и секој ден се учат нови нешта. Моментално работам во HTML, CSS и чист JavaScript.

 

Што значи Front-Еnd програмирањето за тебе?

Со сѐ поголемата дигитализација, Front-Еnd програмирањето е доста перспективна и динамична област, каде што секогаш има простор за учење на нови работи и нивна примена.

 

Како Front-Еnd програмерот гледа на светот и на работите околу него?

Front-Еnd програмерот пред сѐ е организирана личност и има креативен пристап кон секоја проблематика. Природно е за Front-Еnd програмер да има високо ниво на problem-solving mindset. 

 

На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?

Самостојно научив да свирам укулеле.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Како успешен Senior Web Developer, со уште многу повеќе знаење и искуство и со развиени неколку свои уникатни web апликации. 

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советува сите оние кои допрва размислуваат за кариера како  Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?

Првично истражував за Brainster поради мојот огромен интерес кон програмирањето, а се одлучив да се запишам токму тука поради тоа што имав прочитано многу успешни приказни од студенти на оваа Академија.

На сите кои размислуваат да навлезат во водите на Front-Еnd програмирање би им препорачала да не се плашат и да не се сомневаат. Да го направат првиот чекор, што побрзо, бидејќи со доволна желба, посветеност и истрајност може сѐ да се постигне!

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Уписите се во тек, резервирај го твоето место на време!