Патот на еден продукт пред да се пушти во употреба, се состои од неколку фази. На патот на лансирање на тој продукт, работат повеќе тимови и секој од нив е еднакво важен.
Денес ќе обрнеме внимание на онаа работна позиција која го претставува мостот на соработка помеѓу клиентите и инженерските тимови – инженерот за апликации.
Што поточно значи да си инженер на апликации и кои се неговите обврски, најдобро ќе ни објасни нашиот алумни студент од Академијата за Full-stack програмирање – Виктор Зафировски. Тој работи во компанијата CaSys која претставува независен процесор кој нуди услуги на деловни банки, финансиски институции и други заинтересирани субјекти од областа на работењето со платежни картички и електронската трговија.
Повеќе за неговото ново работно искуство во компанијата CaSys прочитај во прилог!
Која е твојата позиција во компанијата CaSys? Кои се твоите обврски какo инженер за апликации во CaSys?
Мојата позиција во CaSys е инженер на апликации за авторизација и дигитални канали за плаќање. Додека пак моите обврски опфаќаат:
- Конфигурација и поставување параметри на интерни апликации
- Тестирање на апликации од надворешни добавувачи
- Изработка на кориснички упатства и спецификации
- Развој и интеграција на нови апликации
- Администрација на веќе постоечките апликации
Со кои предизвици се соочуваш како инженер за апликации?
Најголемите предизвици со кои се соочувам се:
- Технолошка еволуција: Постојаното следење на нови технологии и адаптација кон нив е неопходно за да се остане конкурентен и ефикасен.
- Безбедност: Обезбедување на сигурноста и интегритетот на апликациите е критичен аспект, особено кога се работи со чувствителни податоци и финансиски трансакции.
- Комплексност на системите: Управувањето со сложени системи и интеграции бара детално разбирање на различни технологии и нивната меѓусебна поврзаност.
- Комуникација со тимови: Честата соработка со различни тимови и корисници бара ефективни комуникациски вештини за да се пронајдат и решат потребните проблеми.
- Тестирање и квалитет: Осигурување на високи стандарди за квалитет преку ригорозно тестирање и дебагирање на апликациите за да се избегнат грешки и дефекти.
Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање
Зошто ја одбра академијата за Full-stack програмирање? Како таа ти помогна во остварување на твоите кариерни цели?
Ja одбрав Full-stack академијата за програмирање поради неколку причини. Прво, академијата нуди програма која ги покрива и Front-end и Back-end развојот, што ми овозможи да стекнам целосни вештини потребни во денешната технолошка индустрија. Второ, фокусот на практично учење преку реални проекти ми помогна да стекнам искуство и самодоверба. Изборот на оваа академија ми помогна во остварување на кариерните цели со стекнување на потребните вештини, искуство и работна навика.
Дали беше на Brainster Job Fair? Какво беше ова искуство за тебе?
Да, бев на Brainster Job Fair и тоа беше одлично искуство кое би го препорачал на сите. Освен можноста за пронаоѓање работа или пракса, ми даде можност да ги запознаам компаниите на нашиот пазар на труд и нивните очекувања, кои што подоцна можам да ги искористам за понатамошно надградување на моето знаење.
Како би ги посоветувал студентите кои сакаат да започнат кариера на полето на Full-stack?
Целосно би ги охрабрил да се запишат на академијата тие што се двоумат бидејќи ќе ја направат вистинската одлука за нив и нивната иднина и кариера. Материјалот што ќе го научат ќе им помогне да се стекнат со теоретско знаење, а работата на реалните проекти ќе им помогне да стекнат и практични вештини. Исто така ќе имаат и можност да соработуваат со искусни ментори и професионалци во текот на тие проекти. Ова искуство ќе ги подготви за предизвиците на пазарот на труд и ќе им овозможи правилен развој на нивната кариера како full-stack developer-и.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).