Изабела Андоновска е Brainster студентка која е пример за мотивација, истрајност и посветеност. Тоа се докажува така што Изабела напоредно е практикант во компанијата Learning Curve, студира и ја учи Aкадемијата за Full-stack програмирање.

Иако таа сѐ уште ја слуша академијата, таа веќе го практикува своето знаење во македонската компанија Learning Curve, каде ја има улогата на Full-stack Developer. Таа ни ја раскажа својата приказна подетално, која е нејзината работна позиција и обврски, а обрнавме внимание и на тоа колку самата професија е важна во модерното општество.

Во прилог прочитај повеќе за нејзиното работно искуство!  

Која е твојата позиција во компанијата Learning Curve? Koи се твоите обврски?

Во компанијата Learning Curve мојата позиција е Full-stack Developer. Мојата обврска е развој на целосна веб-страница која ги презентира услугите, ресурсите и заедницата на компанијата. Преку оваа веб-страница, корисниците можат да се запознаат со широкиот спектар на услуги што ги нудиме, да ги истражат ресурсите кои им стојат на располагање и да станат дел од нашата растечка заедница.

Kолку е важна Full-stack Developer позицијата во денешната технологијата?

Full-stack Developer позицијата е многу важна во денешната технологија бидејќи овозможува флексибилност и адаптивност во развојот на софтверските решенија. Full-stack Developer-ите можат да работат на сите аспекти од еден проект, што значи дека можат брзо да преминуваат меѓу различни задачи и да помогнат каде што е најпотребно. Оваа способност за работа и на клиентската страна и на серверската страна е особено важна за стартапи и помали тимови. Во вакви компании, каде што ресурсите и буџетот можат да бидат ограничени, Full-stack Developer-ите овозможуваат поголема ефикасност и економичност, бидејќи можат да се справат со повеќе задачи, наместо да се ангажираат повеќе специјализирани професионалци.

Со кои предизвици се соочуваат Developer-ите?

Developer-ите се соочуваат со бројни предизвици во современата технолошка индустрија. Еден од најголемите предизвици е брзото темпо на промени во технологијата, кое бара постојано учење и адаптирање за да се остане конкурентен. Истовремено, заситеноста на пазарот ја зголемува конкуренцијата и го прави потешко наоѓањето на работа, особено за почетниците.


Brainster со нов рекорд : 59 вработувања и практиканти во јули! Приклучи се на листата на чекање денес за упис на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање


Како се одлучи за Full-stack академијата? Како таа ти помогна во твојата кариера?

По долго размислување, решив дека сега е вистинскиот момент да се запишам на Full-stack академијата. Таа ми помогна да ги надополнувам моите студии од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Академијата ми помогна да ги применам теоретските знаења од факултетот во практични проекти и да стекнам нови вештини. Оваа обука беше клучен чекор за мојата кариера, бидејќи ми овозможи да ја зајакнам мојата практична способност и да се подготвам за реалните предизвици во индустријата.

Како би ги советувала сите кои сакаат да започнат кариера на полето на Full-stack Development?

Би ги охрабрила сите кои сакаат да започнат кариера во Full-stack development да имаат доверба во своите способности и да останат отворени за нови искуства. Ова поле нуди многу можности за креативност и иновација, па затоа е важно да се фокусирате на стекнување на вештини и знаења кои ќе ве направат флексибилни и подготвени за различни предизвици.

Што е она што ти дава мотив да се надградуваш себе си и да вложуваш во себе?

Мојата главна мотивација е љубопитноста и желбата да бидам во чекор со најновите трендови. Сакам да решавам комплексни проблеми и да создадам иновативни решенија. Уживам во процесот на учење нови вештини и технологии, што ме поттикнува постојано да се усовршувам и да вложувам во себе.

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).