Даниел Веселинов, наш алумни студент и ко-основач на Linkup- нова платформа која ќе ве оддели од екраните и ќе ве врати во реалниот свет

Даниел Веселинов е наш алумни студент од Академијата за Full-stack програмирање,  кој уште од најрана возраст покажувал интерес кон програмирањето. Следејќи ја својата пасија тој во 2021 г. ја запишува Full-stack Академијата за програмирање на Brainster и денес работи како Laravel developer. 

Тој заедно со своите неколку пријатели, инспирирани од тоа дека во денешницата се живее преку телефонските и компјутерските екрани, дошле до една генијална идеја – да се создаде платформата Linkup. Прочитај повеќе за Linkup и за тоа како нашата Академија му помогнала во процесот на созадавање на платфромата.

Што претставува Linkup? Кој може да направи група/креира настан? 

Linkup е платформа која е креирана од и за луѓето на предигитализираниот свет, да се одделат од екранот и да почнат да живеат во вистинскиот свет, правејќи го она што го сакаат. Платформата е бесплатна и отворена за сите, секој кој што сака да организира настан, прво треба да има или креира група во која ќе го организира настанот. Настаните можат да бидат од било каков вид без разлика дали се работи за професионален нетворкинг, лични хобија или за социјализација.

Која е целта на платформата? 

Целта на оваа платформа е да биде централен hub за разни активности и луѓе со секакви интереси да си го пронајдат она што го сакаат, да креираат и да изберат од селекција на разни настани на кои би сакале да присуствуваат. Ова е олеснето со тоа што настаните можат да се пребаруваат по интереси и категории во зависност од потребата на корисникот. 

Секој човек кој живее во Македонија барем еднаш во животот си рекол: ,,Навистина е здодевно и нема што да се прави овде!” – од овде и потекнува и потребата за ваква платформа. Доколку некој сака да присуствува на бизнис/старт ап муабети или пак да оди на планинарење во сабота, веројатно е дека треба да биде член во група на некоја друга платформа која тешко би се нашла или пак со помош на некој познаници да дојде до истомисленици. 

Какви настани може да се креираат на платформата?

Настаните можат да бидат од забавен, професионален или било каков друг карактер. Ние ги охрабруваме сите организатори и идни организатори кои имаат желба да креираат настан да ги разгледаат над 1400-те интереси и над 50-те категории кои ќе им помогнат соодветно да го класифицираат нивниот настан, а со тоа и да допрат до вистинските потенцијални посетители. 


Ко-инвестираме со нашите партнери за вработување и доделуваме 100 ваучери од 1000€. Инвестирај во иднина што ќе ти донесе вработување – Аплицирај на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање за твојот ваучер!


Од каде идејата за ваква платформа? Кој стои зад неа? 

Идејата е на Тодор, но таа никогаш немаше да прерасне во тоа што е денес, доколку тимот не беше овој одличен склоп на луѓе кои придонесуваат кон сѐ што треба за еден успешен старт: мотивација, техничка способност, искуство, бизнис знаење, креативност и желба за тимска работа! Нашиот тим покрај Тодор Дрваров ги брои: Иле Ѓоргиевски, Даниел Веселинов и Марија Митевска. Самиот зачеток беше доста ноншалантент и често се присеќаваме дека се започна од еден обичен муабет кој прерасна во готов производ. Сите сметаме дека успешната реализација беше возможна бидејќи сите работевме со љубов и не го гледавме овој проект како работа и товар.

Како Brainster Академијата за Full-stack програмирање ти помогна во остварувањето на твојата платформа?

Можам со сигурност да кажам дека програмата на Академијата за Full-stack програмирање е направена со цел да креира солидна основа кај секој студент. Самата програма, начинот на кој се организирани часовите и работата на реалните проекти ми помогнаа многу. Едноставно работејќи на такви проекти се створи желба за напредување сѐ повеќе и така решив целото мое знаење, искуство и знаењето стекнато од Brainster да го претворам заедно со мојот тим во една нова револуционерна платформа – Linkup.

Колку мислиш дека оваа платформа ќе помогне во остварување односи меѓу луѓето надвор од социјалните медиуми?

Мојата, а воедно и желбата на тимот е – доста многу! Секако за секоја промена треба време, па така и за Linkup. Нашата цел е да ги поттикнеме сите тековни и идни корисници да испробаат нови работи, да бидат поттик и пример за некое ново случување и искуство во нивната околина. Како што споменавме, лесно е да се каже дека е здодевно овде, но никој не сака да биде иницијатор на спротивното. Сега, со Linkup тоа е полесно од било кога! 

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉