До Brainster, 

Започни со трансформација што е можно побрзо! 

Кога се запишав на Академијата за Full-Stack програмирање, работев во Армијата на Република Северна Македонија, но имав кристално чиста крајна цел, а тоа беше успешна кариера во ИТ секторот.

Не беше лесно. Посветував по 20 часа неделно, а некогаш и повеќе. Почетокот беше особено тежок, морав да работам и во исто време да учам. Немав многу време за социјален живот, но имав поддршка од мојата сопруга. Таа доверба од мојата фамилија и денес е дополнителна мотивација за да успеам во моите цели.

Денес работам како Web Аnalyst и Data Еngineer во латвиската компанија Scandiweb и се снаоѓам одлично! Веќе сум на сениорска позиција и сум ментор на дел од мојот тим. Продолжувам да учам и да се надоградувам. Присуствував и на Measurecamp 2022, една од светските конференции за аналитика во Стокхолм каде што си ја проширив професионалната мрежа и се запознав со врвните експерти во делот на аналитиката. 

Јас носам одлуки брзо и сум многу решителен па мојата препорака би била: Започни со трансформација што е можно побрзо! 

До следна соработка, 

Александар


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Александар Мишков, алумни студент од Brainster+ Академијата за Full-stack програмирање, е еден од нив. Тој ја споделува до Brainster заедницата неговата успешна кариерна трансформација во ИТ – од Армија на Република Северна Македонија до Web Analyst и Data Engineer во норвешка компанија, каде веќе е сениор и ментор.

Неговата решителност и истрајност му помогнаа да си ја оствари својата цел – кариера во ИТ! Со многу труд и поддршка од неговата сопруга, стигна токму онаму каде имаше зацртано да стигне. ✨

Прочитај ја следната успешна приказна!