Запознај ја Сара Ѓошева – Dream Team студент на Академијата за Full-stack програмирање за август 2024.
Мојата позадина е…
После неколку години и искуство во различни сфери се вратив на патот до остварување на една од многуте зацртани цели и желби. Од минатата година сум студент на Brainster Академијата, во мај оваа година ја завршив академијата за Software Testing, a веќе од jуни продолжив со Full Stack академијата за програмирање.
Областа ја избрав затоа што…
Колку повеќе учев нови работи во текот на Software Testing толку повеќе сакав да имам некоја појасна слика за целиот Development circle, затоа продолжив на Full Stack Академијата. Следно ќе видиме што ќе биде.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Работата под притисок со следење и почитување на рокови како и надградувањето во текот на академијата во комбинација со моменталната работа, и работата на проекти надвор од академијата како Софтвер Тестер ми овозможуваат да ги тестирам своите способности и да ги поместувам моите граници.
Најгорда сум на…
Мислам дека е сѐ уште е прерано да би можела да издвојам нешто посебно, но ако би издвоила нешто тоа би бил првиот проект посветен на Front End делот.
Мојот омилен модул е…
Мојот омилен модул допрва доаѓа. Back-end development делот од академијата би го издвоила како поголема целина, затоа што тука е креирање на база на податоци, внесување и манипулирање на податоци во базата на податоци, SQL Queries, PHP, JavaScript.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Не би можела да издвојам некој конкретно од инструкторите, затоа што секој од нив имаше свој начин и пристап на предавање на материјалот и решавање на зададените задачи кое многу ми помогна да гледам на решението од различни агли.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Mи помогна да ги конкретизирам моите кариерни планови и цели преку практични задачи и менторство, кое ме води низ процесот на создавање реални проекти.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Идните студенти на Brainster би ги посоветувала да бидат отворени за учење, да ги користат сите ресурси што се достапни и да не се плашат да поставуваат прашања, затоа што и од грешките се учи. “Everything is within the reach of your paws, all you have to do is reach out and take it.”