Запознај го Владимир Начевски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец јануари 2023.

 

Име и презиме: Владимир Начевски

По професија: 3D Артист – Визуелизација на ентериери

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: Отсекогаш имав голем интерес за ИТ секторот и како функционира сето тоа. Се одлучив за Full-Stack бидејќи повеќе е ставен фокус на Back-End делот каде би сакал да се насочам. Уште поголема мотивација ми е и фактот што повеќето корисници не ни знаат за сите тие кодови и процеси кои се извршуваат во позадина за сето тоа да функционира како што треба! А воедно и како Full-Stack девелопери ќе знаеме истото да го спакуваме и во визуелно комплетен проект.

Што те мотивира постојано да учиш: Со секојдневниот развој на технологиите, секој нареден напишан код е по-оптимален од претходниот.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сѐ уште сме на почеток, но секогаш ми е предизвик кога треба логично да се пристапи, разложи и реши дадената задачата за да се добие функционален и оптимален код.

Омилен модул и зошто: JS и PHP – модулот кој со нетрпение го чекам! 

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можел да издвојам, досега сите беа кул и секогаш достапни за било каква консултација.

За 5 години сакам да бидам: Leading Backend Developer!

Хоби: Велосипедизам, филмови, серии.

Омилена книга: Дигитална тврдина – Ден Браун

Омилен цитат:Why should it be simple when it can be complicated?“

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission тим за повеќе насоки и детали за програмата!