Македонка Гуџирова Попова – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

Запознајте ја Македонка Гуџирова Попова – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец февруари 2022.
Име и презиме: Македонка Гуџирова Попова
По професија: Наставник по стручни предмети од електротехничка струка.
Академија: Академија за Full-Stack програмирање
Зошто баш Full-Stack програмирање: Full-Stack е една премногу динамична област, којашто бара склоп на знаење и искуство од различни сектори. Цел овој склоп за мене беше еден голем предизвик, бидејќи по природа сум личност која секогаш се стреми кон комплексност и нови предизвици.
Што те мотивира постојано да учиш: Мотивот овозможува полесно да се воочи целта, а целта влијае на мотивот бидејќи ја зголемува и засилува мотивационата енергија. Мојата цел е да научам и да го продлабочам постоечкото знаење и да стекнам нови вештини во работењето соодветно.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Practice makes perfect!!!
Омилен модул и зошто: PHP дефинитивно. Со помош на PHP се прави една успешна, интерактивна и динамична веб-страница, исто така, PHP е особено добар во интеракција со бази на податоци, што отвара бескрајни можности.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој од инструкторите е посебен и уникатен сам по себе. Трудот кој несебично го вложуваат за да ни укажат на одредени работи е навистина на највисоко можно ниво.
За 5 години сакам да бидам: Senior Full-Stack Developer
Хоби: Активен член на играорно друштво „Фолклорна низа“ – Струмица и маратонско читање книги 🙂
Омилена книга: „Седумте сестри“ – Лусинда Рајли
Омилен цитат: ,,Ако навистина сакате да направите нешто, ќе најдете начин. Ако не, ќе најдете изговор.’’
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!