Славчо Карамфилоски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

Запознај го Славчо Карамфилоски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец ноември 2023.

 

Име и презиме: Славчо Карамфилоски

По професија: Студент

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш оваа област: Уживам во решавањето на проблеми и предизвици, а оваа област со нејзината динамика и предизивикувачки интензитет токму тоа и ми го овозможува. Секој ден претставува нов предизвик за решавање на некој проблем и нова можност за надградување и усовршување на вештините  преку широката лепеза на алатки кои секојдневно се дополнуваат и со тоа ја прават работата подобра, полесна и поинтересна.

Што те мотивира постојано да учиш: Брзиот напредок на ИТ-светот каде што работите се надградуваат и менуваат секојдневно.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Модулот SASS.

Омилен модул и зошто: SCSS. Користејќи го SCSS, можеме да додадеме многу дополнителни функционалности на CSS како што се променливи, вгнездување, мешање, екстензии и многу повеќе. Сите овие дополнителни функционалности овозможуваат подобро структуриран код и го прават пишувањето CSS многу полесно и побрзо во споредба со пишувањето на традиционалниот CSS, со што се разбира го олеснува процесот на веб-дизајнот.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можел да издвојам еден омилен и затоа ќе ги спомнам инструкторката Александра и менторот Кристијан на коишто сум им благодарен за пренесеното знаење и за нивната професионалност и одговорност.

За 5 години сакам да бидам: Успешна кариера како девелопер.

Хоби: Имам повеќе активности/хоби коишто ги правам во слободно време, од нив ќе ги издвојам играње игри и читање по некоја книга.

Омилена книга: Can’t hurt me“ – David Goggins

Омилен цитат: “If you don’t take risks, you can’t create a future.“

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Front-End програмирање!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за Front-End програмирање и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Аплицирањето за ваучер заврши!