Запознај го Славчо Карамфилоски – студент на нашата Академија за Front-End програмирање, кој ужива во решавањето на проблеми и предизвици, и сака да ги надгради своите вештини во областа на програмирање.

 

Име и презиме: Славчо Карамфилоски

Академија: Академија за Front-End програмирање

По професија сум: Студент на Филозофскиот факултет во Скопје.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Како можам да придонесам и да станам дел од широкото семејство на девелопери кои секојдневно, ревносно вложуваат за подобро корисничко искуство и кориснички интерфејс во интеракцијата со веб-страниците и го прават животот полесен и поинтересн за голем број на луѓе.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Уживам во решавањето на проблеми и предизвици, а оваа област со нејзината динамика токму тоа и ми го овозможува. Секој ден претставува нов предизвик за решавање на некој проблем и нова можност за надградување и усовршување на вештините, преку широката лепеза на алатки кои секојдневно се дополнуваат и со тоа ја прават работата полесна и поинтересна.

После предавањата секогаш: Ги решавам задачите и предизвиците.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Неуспех во совладувањето на материјалот во целина.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Успешно справување со поставените предизвици.

Оваа област за мене значи: Градење успешна кариера во област каде што се пронаоѓам.

Во слободно време: Да поминувам време со пријателите.

Сакам да читам: Политички романи и филозофија.

Сакам да гледам: Видео туторијали и курсеви за надополнување на знаењето.

Омилен цитат: “If you don’t take risks, you can’t create a future.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.