Запознај ja Љубица Митева – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање за јули 2024.  

Мојата позадина е…

Магистер по економски науки – монетарна економија, финансии и банкарство.

Областа ја избрав затоа што…

Можноста за креативно изразување и непосредна видливост на резултатите од работењето. 

Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…

Важноста на практичната примена на теоријата преку реални проекти. Само така можев да ги подобрам моите вештини и да разберам како теоретските концепти се применуваат во вистинските ситуации.

Најгорда сум на…

Горда сум дури и на малите нешта. Секоја успешно решена задача или проблем, бидејќи тие водат кон поголеми достигнувања.

Мојот омилен модул е…

За мене сепак ќе биде Javascript. Моите „аха-моменти” ми беа со почетоците на модулот Javascript. Секој час, работилница, менторска, ми беше доживување како патување на непозната дестинација. И од тука почнува сѐ…

Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…

Ненад Тренчевски со неговата стручност и ентузијазам што ги направи лекциите интерактивни и Огнен Бендевски со јасниот начин на објаснување на сложени концепти.

Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…

Иако е доста интензивна, академијата на Brainster е совршен начин да се вметне структура и насока, а минимално да се помести балансот на секојдневието. Кога приоритет ќе биде знаење секогаш нестандарниот начин на образование го ставам на прво место. 

Мојот совет до идните студенти на Brainster…

Бидете подготвени за едно позитивно искуство. Иако патот не е лесен, ќе работите во тим и ќе стекнете нови пријателства и тогаш тој пат нема да го одите сами. 


Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Front-end програмирање


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!