Запознај го Андреј Велјановски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец јануари 2023.

 

Име и презиме: Андреј Велјановски

По професија: Дипломиран правник

Академија: Академија за Front-Еnd програмирање

Зошто баш оваа област: Поради тоа што пред сѐ, се цени квалитет и знаење во оваа област, па после сѐ друго. Знаејќи дека сум човек кој има око за детали и човек кој се адаптира на промени. И се разбира, поради големата побарувачка на пазарот за вештини од оваа област, со што ќе имам поголеми можности за вработување во однос на другите области.

Што те мотивира постојано да учиш: Надградување на веќе наученото. Големиот интерес кон креирањето на работи и изнаоѓањето на решенија на зададените проблеми.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека програмери не се луѓе во темни простории со дуксер и капа на глава и црно зелен екран. А од програмата која досега ја имаме изучено креирање на кул вебсајтови со најмодерен изглед и нивна респонзивност (иако сѐ уште не се функционални, без JS).

Омилен модул и зошто: Моментално тој што го учиме – JavaScript. Бидејќи сѐ она што досега го правевме да бидe на изглед убаво и респонзивно, сега може да добие живот, односно да имаме ние интеракција со убавата на изглед страница.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Искрено, тешко прашање за одговор, бидејќи се повеќе. Но, моментално инструкторите со кои имаме предавања и работилници се одлични и максимално посветени.

За 5 години сакам да бидам: Програмер во некоја добра фирма, или дај боже да можам да запловам во претприемачкиот свет и да основам своја фирма.

Хоби: Планинарење, книги, филмови, дружби.

Омилена книга: Имам неколку: „12 животни правила – противотров за Хаосот“ од Џордан Питерсон и вториот дел „Надвор од редот – уште 12 животни правила“. И последната книга која ја прочитав пред една недела „Атомски навики“ од Џејмс Клир ми го смени многу светогледот за конзистентоста, fun fact по читањето на книгата не ни барам мотивација да го учам модулот, туку едноставно го учам. 

Омилен цитат:Разурнат град и без ѕидови, таков е човекот, кој нема власт над себеси.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!