Запознај ја Елизабета Костоска – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање за септември 2024.
Мојата позадина е…
Јас сум дипломиран правник и магистер по казнено право.
Областа ја избрав затоа што…
Секојдневната употреба од најразлични апликации на интернет ме испирираше да сакам да научам како тие се изработуваат. Секако и флексибилноста што ја нуди ИТ секторот во поглед на учење и работа од дома.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Со добра организација и континуирано учење и работа, ништо не е невозможно.
Најгорда сум на…
На секоја линија код кој функциора правилно!
Мојот омилен модул е…
Омилен модул ми е JavaScript затоа што бара логика, а не учење на памет и буквално ја „оживува” страната.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за Front-end програмирање!
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Не би можела посебно да издвојам ниту еден. Сите се одлични во својата работа и на разбирлив начин ни го пренесуваат знаењето.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Академијата ми помогна да ги усовршам моите технички вештини. Исто така ми даде и добра основа за да можам понатаму да продолжам да учам и да се надогрдувам во оваа област.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Сфатете ја акдемијата како инвестиција во самите себе. Континуираното учење, решавање задачи и поставување прашања, загарантирано води до успех.