Запознај ја Александра Перкова – Dream Team студент на Академијата за Front-end програмирање за април 2024.
Мојата позадина е…
Вработена сум во компанија за трговија, office assistant. Завршив курс за UX/UI дизајн пред околу една и пол година и набрзо потоа се запишав на Академијата за Front-end програмирање.
Областа ја избрав затоа што…
Во текот на изучувањето на UX/UI дизајн курсот, сфатив дека многу повеќе ме интересира како продуктот ќе „оживее”, логиката позади тоа, колку е дизајнот feasible и сл. Логично ми беше едукацијата да ја продолжам во оваа насока.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Со посветеност и упорност, сѐ се постигнува 🙂
Најгорда сум на…
Искрено, на секоја решена домашна, менторска, предизвик… Било каква задача.
Мојот омилен модул е…
ReactJS и JavaScript. Затоа што нема учење напамет, со секоја следна итерација стигнуваш до пооптимално решение, а решенија има многу…
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Ристе Самарџиев и Иван Јасенов.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Допрва ќе видиме, меѓутоа ако се погледнам пред 1 година и сега… Километри разлика!
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Да бидат упорни, континуирано да ги решаваат предизвиците, менторските, сите задачи, затоа што така најдобро се учи. А во оваа област, учењето никогаш не запира.