Партнерството за вработување на Brainster е двостран процес преку кој компаниите добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани, кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.
Процесот на склучување на партнерство е олеснет преку новата платформа за ко-иновации и вработување со цел овозможување на брз и едноставен начин на аплицирање за заинтресираните компании.
Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот Hiring партнер – ATIS.
ATIS е софтверска компанија, специјализирана за развој на софтвер за клиенти од Западна Европа, која воедно и имплементира сопствени решенија, следејќи ги најновите трендови и технологии. Ова е компанија каде 40% од вработените се студенти кои завршиле Академија во Brainster и место кое се одликува со позитивни вредности и култура, како и грижа за своите вработени на начин што им овозможува личен и професионален развој.
Во продолжение, си поразговаравме со Катерина Ѓурчиновска за Hiring партнерството со Brainster
Здраво Катерина, кажи ни нешто повеќе за тебе, која е твојата позадина и каква ти е работната позиција во моментов?
Се перцепирам како совесна и лојална индивидуа со ведар дух која сака да ги тестира своите граници, но истовремено колку трпелива приватно, толку нетрпелива на професионално поле, од причина да не ми се одложуваат и комплицираат обврските. Се обидувам да не судам и да апсорбирам секогаш конструктивна критика. Иако сум дипломиран дефендолог, мојата позадина и искуство е генерално во областа на администрацијата, што и во моментов е мојата работна позиција дополнително и HR. Со неколку збора – клучна улога во меѓусебното функционирање на целиот тим.
Кои се ATIS, каква е културата на оваа компанија и кое ви е полето на работа?
ATIS е софтверска компанија со околу 110 вработени со претставништво во Албанија, Косово и Македонија, којашто за скоро време планира проширување на уште неколку нови локации. ATIS е специјализирана за развој на софтвер за клиенти од Западна Европа и имплементира сопствени решенија следејќи ги најновите трендови и технологии. ATIS е дефинитивно компанија која има вредности и позитивна култура, компанија која се грижи за своите вработени, компанија со транспарентни и искрени лидери коишто го вреднуваат и почитуваат вашето мислење, и секако компанија која се труди да обезбеди позитивни и забавни активности за личен и професионален развој за своите вработени.
Како изгледа еден ден на работа во ваква голема компанија?
Па, иако администрацијата делува некогаш монотона, во овој сектор е доста енергично и мотивирано 😊, барем за мене. ATIS функционира како еден ентитет со различни локации, но сепак обврските се поделени во административниот дел, а моја обврска е конкретно – Скопје тимот. Секако, како расте тимот се зголемуваат и обврските и всушност тоа допринесува за динамичност покрај тековните обврски. Напоредно со обврските денот поминува со заедничка пауза за кафе – муабет, вечната дилема – што ќе јадеме, ајде по благо, фудбалче обавезно и така… убава енергија.
Каков е профилот на луѓето коишто сакате да работат во вашата компанија? Кои се нивните интереси и вештини?
Луѓе коишто се фокусирани на резултат, посветени на квалитет, со уникатни вештини за создавање и градење решенија и секако позитивен став и енергија која е потребна за поубаво меѓусебно функционирање во поголемиот дел од денот. Интереси?… Интерес и желба за успех и прогрес.
Кое е вашето мислење за вработување на студенти или пак кадри кои се на почетокот на нивната кариера?
Студенти или кадри кои се на почетокот на нивната кариера честопати носат ентузијазам, мотивација и свежа перспектива. Нивната желба за учење и надеж да ја докажат својата вредност, дава можност за компанијата да открие нови таленти во кои вреди да се вложи. Сите сме биле на почеток и некој ни дал можност и шанса.
Како сте задоволни од соработката со Brainster и дали ваков тип на соработка би препорачале на други компании?
Искрено сме презадоволни, првенствено од вашиот пристап и секако од она што го работите и вложувате во вашите студентите. Мислам дека сѐ ова е повеќе и од доволна причина за да препорачаме соработка на другите компании кои сакаат да дојдат до таленти со ваша поддршкa.
Feedback за кандидатите кои ги препорачавме и кои започнаа да работат кај вас?
Дефинитивно талентирани кандидати кои постигнаа видливи резултати и голем напредок. Со оглед на тоа дека 40% од вработените во ATIS се студенти кои завршиле во Brainster, потврдува дека вашите Академии даваат одлична подлога за нивното усовршување.
Какви можности за раст и за учење нуди вашата компанија?
Обемна-квалитетна обука и работа во тимови со искусни програмери, посветено време на учење и развој на нови технологии / трендови и возбудливи иновативни проекти во рамките на многу динамично окружување.
И за крај, која е пораката којашто сакате да ја дадете на сите оние кои се заинтересирани за работа во овој сектор?
Факт е дека технолошката индустрија се развива со сѐ побрзо темпо и тоа придонесува и доведува до промени во побарувањата за работни места, но сепак сметам како и во секоја професија така и во оваа, едноставно е потребно љубов, упорност и да се замислите себеси како ученик на долг рок.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа