Brainster академиите се префрлија во виртуелни училници со real-time настава во живо, сè со цел обука и преквалификување во кадри за кои има висока побарувачка во digital и tech индустриите.

Во ова непредвидливо време, нашата цел е на сите студенти да им овозможиме интеракција, комуникација и соработка во реално време.

Го прашавме нашиот студент Кристијан Ивановски од Академијата за програмирање да ни даде insights во неговото секојдневие и во неговиот начин на учење во виртуелната Brainster училница.

 

Како ти поминува денот во корона Lockdown? 

Денот ми започнува со еден од моите омилени ритуали а тоа е кафето. За време на истото, ги проследувам новостите околу моменталната состојба и се трудам да се држам до препорачаните мерки. Бидејќи сега имам многу слободно време можам повеќе да се посветам на учење, програмирање, правење проекти и следење tutorials на Youtube. Останатиот дел од денот го поминувам со видео игри, филмови, серии и секако дружење со фамилијата играјќи board games.

 

Кои работи те држaт „sane“?

„Sane“ ме држат витамините и минералите кои секојдневно ги внесувам во вид на smoothie или пак апчиња. Омилена комбинација ми е портокал, банана и малина; и истото го консумирам додека го повторувам материјалот за jQuerry. Исто така „sane“ ме држат и дружбите со пријателите со кои сега сме принудени да контактираме online.

 

Како ти поминува еден час во виртуелните училници?

Најпрво се конектирам на платформата Zoom кадешто се одржуваат online часовите. Внимателно го следам предавањето и ги забележувам сите поважни точки коишто ни ги презентираат. Во случај да имам некои нејасни работи, поставувам прашање и се трудам да го совладам материјалот за време на часот. Исто така решаваме задачи коишто се дел од наставата, а совладаниот материјал ме поттикнува да истражувам повеќе на таа тема.

 

Како изгледа твојата работна маса и како се фокусираш?

Моето nerdy место во куќата се наоѓа во мојата соба на мојата работна маса која се состои од мојот персонален компјутер, екстерниот монитор, лаптопот и системот. Секогаш мора да има нешто благо, грицки и сокче, иако секогаш е неред мене ми е таму најубаво. Најлесно се фокусирам со музика и ладно пиво.

 

Како мислиш дека овој тип на учење ќе ги промени твоите навики сега и во иднина? 

Според мене, овој  тип на учење во оваа ситуација е поекономичен и далеку побезбеден. Имаме многу повеќе време за одмор со што сме посконцентрирани на наставата, имаме повеќе време за гуглање и надоградување. Ова искуство ќе ни биде од голема помош во иднина доколку имаме потреба од remote работење.

 

Сега имаш време за…

Сега имам повеќе време за учење, програмирање, online дружење, видео игри, истражување, надоградување, вежбање (по дома).

 

Како е променета моменталната програма на твојата Академија

Моментално ни е зголемен фондот на часови и времетраењето на истите. Дополнително имаме предавања за UX и UI, за Scrum и Agile, и еднонеделна подготовка за кариера. Исто така еднаш неделно имаме менторска сесија(1 на 5), групен предизвик и виртуелен саем. По секое предавање, online го добиваме видеото и кодот од истото. Инструкторите се достапни во секое време, па доколку имаме некаков проблем тие се секогаш тука да ни помогнат. Сакам да му се заблагодарам на тимот на Brainster, што и во оваа кризна ситуација се труди и ни овозможува да продолжиме со нашите предавања и вежби.

 

Што мислиш дека нè очекува во иднина? 

Искрено се надевам дека целата оваа ситуација ќе заврши што побрзо за да можеме сите да се вратиме на нашите секојдневни обврски. Моето мислење е дека сè ќе биде во ред доколку ги почитуваме препораките од докторите и дека така сè ќе се стабилизира за многу кратко време. Мислам дека по ова, сите граѓани ќе бидат попретпазливи во однос на нивното здравје и нивната хигиена, што би допринело до намалување на ризикот за да се повтори вакво нешто.

 

Со кaква вредност ќе излезеш од овој Lockdown?

Најголемата вредност од овој lockdown ми е инвестираното време во Brainster Академијата за програмирање. Ќе излезам подготвен за нови предизвици и влегување во IT светот. Сакам да им предложам на сите кои се мислат дали да го направат истиот чекор кој јас го направив пред шест месеци, да не се двоумат и да бидат храбри и да се придружат на оваа академијата. Се гледаме на предавање!

 

Уписите на Академијата за Програмирање се во тек. Аплицирај овде