Brainster ја освои Националната награда за општествено одговорна практика за 2019 за апликацијата Komunicira.me

Многу сме горди што денес Brainster доби две награди. 

Многу сме горди што овие две награди се добиени во конкуренција на проекти за општествено одговорни практики за 2019. 

Но, најмногу од сè сме горди што студентите од нашите академии се главната причина за овие награди. 

Наградите за најинвентивна општествено одговорна практика во 2019 и најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“, доделени од Министерството за Економија, се само доказ дека нашата Brainster заедница ги дели нашите вредности. Ова е дополнителна мотивација за сè она кое следи од нас и кое сакаме да го постигнеме како заедница. 

Денес, идејата е секој наш студент, инструктор, член на тимот, соработник, целата наша Brainster заедница да работи на заедничко градење на вредности. Така и се роди Komunicira.me, апликација која е изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, како дел од нивната едукација преку работа на реален проект.

Komunicira.me е апликација чија цел е да ја намали комуникациската бариера помеѓу лицата со намален или оштетен слух и лицата со редовен слух. Оваа бесплатна апликација овозможува комуникација со лица со намален или оштетен слух и можност за совладување на знаковниот јазик. Апликацијата ги интегрира лицата кои комуницираат на овој јазик во рамките на институциите, работното место и неформалната околина.

Апликацијата е целосно изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Оливер Божиновски, Горан Воиновски, Панче Димовски и  Марко Доновски. Изработена е во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија и претседателот Васко Марков. 

Тимот на Brainster е особено горд што најталентираните студенти не избираат токму нас како нивни партнери во процесот на промена и учење. Студенти кои сакаат да направат не само промена во нивните кариери, туку и општествена промена. Искрено им благодариме што ни ја дадоа довербата со запишување на Академијата за програмирање. 

Благодариме дечки што сте дел од Brainster заедницита.

Преку оваа награда сакаме да ги охрабриме сите да ја користат што повеќе технологијата за подобрување на општеството. Преку неа можеме реално да влијаеме кон подобрување на општествените вредности и да создадеме можности кои претходно не постоеле.

Затоа, ги повикуваме сите што имаат проект или идеја преку која би придонеле за подобро општество со пофер можности за сите, да не’ контактираат и да ги споделат со нас своите идеи кои нашите студенти од академиите за програмирање, дизајн, маркетинг и data science едвај чекаат да ги реализираат.

Да го направиме заедно доброто – подобро.

Related Stories For You