Која е целта на Brainster?

Главната цел на Brainster е да им овозможи на луѓето да ja најдат и добијат работата која ја посакуваат.

Токму затоа, покрај курсевите и академиите кои континуирано ги нуди, а преку кои може да ги развиете вештините кои се најбарани и најактуелни на пазарот на труд, Brainster сега ја лансира својата нова платформа, наречена „Brainster Кариера. Идејата на оваа платформа е да ги поврзе талентите со иновативните компании, нивните потенцијални работодавци.

 

Што претставува „Brainster Кариера“?

Brainster Кариера“ е онлајн платформа која на едно место ви нуди кариерно советување, идентификување на вашите потреби за доедукација, како и директно поврзување со компаниите кои имаат потреба од таленти.

kariera i vrabotuvanje, кариера, вработување, brainster kariera

 

Тоа што Brainster ви го овозможува со овој side-project не е само брзо учење и стекнување со нови вештини, туку континуирана поддршка низ целиот циклус на вработување.

 

Кој стои позади „Brainster Кариера“?

Платформата е производ на здружените сили на тимот на Brainster и тимот на SolutionsBit . SolutionsBit е една од успешните приказни кои се појавија како резултат на курсевите на Brainster. Супер-инспиративната приказна за тоа како дојде до соработката со SolutionsBit ја оставаме за некоја наредна прилика.

untitled-design-5

 

Како функционира платформата?

Платформата е едноставна и целосно бесплатна за користење. Најпрвин, компаниите ги објавуваат своите отворени работни позиции во една од следните категории: технологија, маркетинг, дизајн, бизнис, пракси и remote. Од друга страна пак, посетителите се регистрираат на категориите кои се совпаѓаат со нивните интереси.

kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, kako da najdam rabota,

Регистрираните корисници, покрај бесплатното онлајн кариерно советување, еднаш во неделата ќе добиваат прегледна листа на сите отворени позиции од одбраните категории, директно во нивното емаил сандаче.