Нов месец, нови достигнувања.
Студентскиот живот е најубавиот период од животот на човекот. Во овој период се гради карактерот, се билдаат вештини и се прави избор за кариерно насочување.
Студентите на нашите Академии освен што континуирано учат нови вештини, методологии и алатки, тие исто така работат на реални проекти за реални клиенти, преку кои се подготвуваат за одговорностите коишто им следат по завршувањето на нивното образование.
Па така, новостите од месец мај се однесуваат на: учењето од далечина, 4 години од постоењето на Академијата за дигитален маркетинг, лансирањето на платформата за Co-Innovation & Hiring, како и на проектите кои ги изработија нашите студенти, и вработувањата со кои беа наградени.
УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА – Претворање на недостатоците во предности
Утврдено е дека учењето од далечина нуди значителни предности што го олеснуваат животот, а исто така помагаат за попродуктивно да се искористи времето. На пример: со учењето и работењето од дома се заштедува на време и финансии бидејќи нема патувања, учењето може да се одвива во било кое време од денот според вашето темпо, како и посетата на online часовите која може да биде од било која локација, по ваш избор. Сепак, учењето од далечина има и неколку недостатоци, за кои ќе поразговараме со цел да ги надминеме или во најдобро сценарио – да ги претвориме во предности. Прочитај повеќе.
Четири години од почетокот на првата група на Академијата за дигитален маркетинг
Претходниот месец, прославивме четири години од почетоците на првата група на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster! Години кои поминаа многу брзо, исполнети со успеси, смеа, предизвици, многу реални проекти, амбициозни студенти, кариерни трансформации и многубројни вработувања. Со цел да дознаеме каде се наоѓаат нашите студенти денес и како Академијата им помогнала да ја најдат работата од соништата, решивме да се навратиме назад и да ги прашаме нашите први студенти, за нивните студентски денови, за искуството и своето кариерно патување.
Како еден од најдобрите студенти кој покажа голем успех и знаење, од првата група на Академијата за дигитален маркетинг е Јана Крстевска. Нејзиното кариерно патување започна токму во Brainster, со голема желба за промена на кариера, па сѐ до нејзината нова позиција денес, како Marketing Associate во Шпаркасе Банка. Прочитај повеќе.
Компаниите се соочуваат со недостиг на квалитетни кадри, а ние креиравме нова платформа за да им помогнеме
Водени од идејата за унапредување на процесот на вработување и иновирање, лансиравме онлајн платфoрма која на компаниите во tech индустријата ќе им нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри кои се подготвени за вработување. Оваа платформа е креирана од потребата за унифицираност и заедничка корист помеѓу компаниите и нашите студенти при вработување и ко-иновирање.
Во делот за вработување, компаниите ќе можат да пристапат кон нашата огромна база на талентирани студенти од различни сфери или пак директно да нѐ контактираат и да добијат персонализиран избор на студенти во согласност со потребите на компанијата.
Во делот за иновации, компаниите или организациите ќе можат да аплицираат со идеја и да добијат тимови на млади студенти кои со поддршка од искусни ментори, таа идеја ќе ја преточат во иновативно решение подготвено за користење. Прочитај повеќе.
Продуктот од најголемиот Brainster хакатон е финализиран со маркетинг стратегија
Овој Хакатон продолжи на Академијата за дигитален маркетинг, каде студентите имаа задача да се погрижат за финалното решение на продуктот и да креираат маркетинг стратегија за лансирање на продуктот т.е платформата.
Проектот на којшто се работеше е платформата “White Noise Player – Shum”. Ова е платформа каде што секој ќе има можност бесплатно да се вклучи и да си пушти одредена мелодија додека работи. Целта на овој проект е да се зголеми продуктивноста и креативноста на луѓето коишто работат од дома поради настанатата ситуација со Ковид-19 пандемијата и да направи да не се чувствуваат осамено. Прочитај повеќе.
Се одржа првиот интернационален UX/UI дизајн Хакатон
Го организиравме првиот интернационален Хакатон на Академијата за UX/UI дизајн, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Македонија и Академијата за UX/UI дизајн во Виена.
Овој Хакатон ги зближи креативните умови на студентите, за да им помогне да се справат со предизвикот даден од страна на нашиот Learning партнер – Traders Alloy. Станува збор за start-up кој е во почетна фаза и се занимава со финансии. Тие веќе имаат десктоп апликација, но сакаат да понудат и мобилна апликација на своите клиенти, а тука стапуваат на сцена нашите студенти. Прочитај повеќе.
Ново достигнување на студентите од Академијата за графички дизајн
Па, со цел да го подобриме искуството на студентите, како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, по модулот „Дизајн на пакување“ – студентите покрај работата на три реални проекти, имаа и можност да креираат дизајни за фиктивни брендови. Под менторство на нашата инструкторка Дијана Димитриевска, студентите успеаа да креираат совршени дизајни кои беа објавени на блогот на Packaging of the World.
Packaging of the World е идеја којашто започнува да се реализира во 2008 година и рапидно расте, за на крајот да стане еден од водечките блогови за дизајн на пакување во светот на интернетот. Packaging of the World има за цел да ги инспирира дизајнерите од целиот свет, да ги објават своите најинтересни и креативни проекти. Прочитај повеќе.
- Тимот на Brainster доби ново засилување – Нина Балабан во улога на софтвер тестер
Нина Балабан е алумни од Академијата за Software Testing, а воедно и Dream Team студент која покажа значителен успех, талент и знаење за време на предавањата. По нејзиното завршување на оваа Академија, си ја земавме во Brainster да биде дел од tech тимот и да му помага во областа на мануелното тестирање. Таа е упорна, борбена и правична личност, која најмногу е мотивирана кога нејзините активности се поклопуваат со нејзините желби и страсти. Прочитај повеќе.
Одбрано е и последното од најдобрите портфолија од Академијата за UX/UI Design
Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.
Во портфолијата се сместени сите реални проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите learning партнери. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување. Погледни го портфолиото на Дамјан.
Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Деспина, Мартин, Симон, Анастасија, Дејан, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Воедно, нашата студентка Маги од Академија за дигитален маркетинг започна свој бизнис – Tasty Box. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster