Компаниите се соочуваат со недостиг на квалитетни кадри, а ние креиравме нова платформа за да им помогнеме

Водени од идејата за унапредување на процесот на вработување и иновирање, лансиравме онлајн платфoрма која на компаниите во tech индустријата ќе им нуди брз, ефикасен и персонализиран пристап кон талентирани кадри кои се подготвени за вработување. Оваа платформа е креирана од потребата за унифицираност и заедничка корист помеѓу компаниите и нашите студенти при вработување и ко-иновирање.

Во делот за вработување, компаниите ќе можат да пристапат кон нашата огромна база на талентирани студенти од различни сфери или пак директно да нѐ контактираат и да добијат персонализиран избор на студенти во согласност со потребите на компанијата.

Погледнете ја нашата база на студенти

 

 

Во делот за иновации, компаниите или организациите ќе можат да аплицираат со идеја и да добијат тимови на млади студенти кои со поддршка од искусни ментори, таа идеја ќе ја преточат во иновативно решение подготвено за користење. 

Погледнете ја галеријата на нашите претходни проекти

 

 

Дополнително, платформата ќе им овозможи на сите компании персонализиран пристап во процесот на вработување на нови кадри кои ќе бидат во согласност со визијата и културата на компанијата. Вработи студент.

Нашата визија за иднината е да успееме во унапредување на квалитетот на пазарот на таленти во државата во области како дигитален маркетинг, data science, UX/UI дизајн, графички дизајн, програмирање и тестирање на софтвер. Со овој чекор, не само што сакаме да придонесеме кон решавање на проблемот со невработеноста на помладата популација во државата, туку сакаме и на компаниите да им овозможиме лесен пристап до база на кадри кои се обучени и опремени со најбараните вештини на 21-от век.

“Иновацијата и следењето на најновите трендови во технологијата се нашата мисија и визија за продуктите од иднината. Работиме напорно, инвестирајќи време и ресурси во креирање на квалитетни и ефикасни решенија кои ќе донесат вредност на компаниите и ќе направат промена во секојдневното живеење.” – вели Ања Макеска од секторот Co-innovation & Hiring во Brainster

Co-Innovation & Hiring секторот e сржта на начинот на функционирање на Brainster. Во изминативе 5 години, најголем дел од нашите студенти на академиите успешно се вработија во локални, но и во странски компании, а дополнително, голем дел од нив со доквалификацијата успеаја да ги унапредат моменталните работни позиции. Се работи за двонасочен процес каде што еднаква грижа водиме за вработување на квалитетни студенти, но и за задоволството на клиентите каде што ги вработуваме нашите студентите.

“Brainster во својот тим изобилува со мноштво на креативни умови, секој од нив уникатен на свој начин. Со само неколку прецизни и едноставни насоки, успешно и експедитивно создадоа продукти кои ги задоволија нашите потреби од секој аспект!” Декан, Проф. д-р Ќиро Ивановски, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА