По само две години студирање на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје Андреј Ефтимовски одлучи да ги прекине своите студии со цел да започне нова и поинтересна професија. По долг ‘research’ одлучи да се запише на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster . По само 2 и пол месеци поминати на Академија започна кариера како дигитален маркетер во IT фирмата Echo која се занимава со развивање на iOS апликации.

Останаа уште малку слободни места. Резервирај го своето ТУКА!

Зошто реши да ги напуштиш студиите на Технолошко-металуршкиот факултет и да почнеш да учиш маркетинг?

После две години поминати на факултет сфатив дека си го трошам времето на нешто што ниту ме прави среќен ниту ме исполнува. Сакав да пронајдам професија која ќе ме инспирира и мотивира. Сакав да работам нешто што ќе ми донесе поголема динамичност, креативност и слобода во размислувањето во моето секојдневие. Сметам дека ова е работна позиција која што нуди големи можности и се е повеќе актуелна и застапена како на домашниот така и на светскиот пазар.

Како дозна за Академијата за дигитален маркетинг и како се реши да се запишеш на неа? Дали имаше некакво претходно искуство кога е маркетинг во прашање?

За Академијата дознав од луѓе што ги познавам и кои веќе ја имаа завршено и започнале нова кариера како маркетери, дизајнери и програмери. Се решив затоа што сакав да направам промена во мојот живот и ова го гледав како идеална можност за мое кариерно напредување. Се’ до моментот на запишување на Академијата, немав никакво претходно искуство поврзано со маркетинг.

Што најмногу ти се допадна и кои беа најголемите предизвици за тебе? 

Целиот концепт во поглед на предавања, професорите кои што во секој момент беа тука за нас, отворени за соработка без оглед на тоа дали беше на часовите или надвор од нив, можноста за практична работа и проекти. Иако цела Академија за мене претставуваше голем предизвик, момент што би можел да го одвојам како најголем предизвик ќе кажам дека беше Хакатонот на кој што учествував организиран од Министерството за Финансии во врска со наградната игра „Мој ДДВ”. На мое големо задоволство нашиот тим постигна одлични резултати иако бевме во тој момент само месец и половина на Академијата.

Кои се твои совети за луѓето кои се спремаат за ваква професионална трансформација?

Верувам дека повеќето од младите се соочиле со ваков „проблем” каков што го имав и јас, би им препорачал да не се плашат од промена и  да преземат ваков чекор затоа што навистина вреди! Мислам дека никогаш не е предоцна да направиш промена на кариера и да почнеш да го работиш она што навистина го сакаш.

Што најмногу ти се допаѓа во Echo? На какви проекти работиш во моментов? За какви проекти во иднина сонуваш?

Тоа што можам да ги покажам и употребам моите досегашни знаења со кој што сум се здобил на Академијата и целосно да ја искажам креативноста која што лежи во мене. Моментално работам на развивање на дигиталниот маркетинг во Echo и со тоа придобивање на нови клиенти за соработка. Би сакал во иднина да работам на проекти поврзани со продукти на  македонските IT компании кои се наменети за светскиот пазар.

Како ти се чини твојот почеток од сегашна перспектива и кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација?

Премногу брзо се остварија моите очекувања и едноставно уживам во мојата нова приказна. Иако се’ уште сум на почетокот и имам уште многу за надоградување, спремен сум за новите предизвици кои што претстојат! Сметам дека упорноста, одговорноста и желбата за учење се клучни карактеристики за да се успее кога се прави ваква целосна трансформација на кариера.

Ако и ти размислуваш за ваква кариерна промена, разгледај ја програмата на нашата Академија за дигитален маркетинг.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!