Искуството како графички дизајнер, дополнето со стекнатите вештини за кодирање на Академијата за Front-end програмирање, го креира портфолиото на Димитар. Моментално работи на еден поголем UI/UX проект, кој наскоро ќе биде лансиран.
Уписите за Академијата се во тек. Види програма тука.
Здраво Дими! Која е предноста на графичките дизајнери кои се пренасочуваат во UX? Дали ти требаше големо преструктурирање во начинот на размислување или овие две професии се надополнуваат една со друга?
Сите дизајнери кои знаат да се стават на местото на корисникот и се user centered design ориентирани, сметам дека имаат голема предност. Што се однесува до мене – не ми требаше преструктуирање затоа што првенствено сум дипломиран индустриски дизајнер. Индустриските дизајнери константно работат на тоа како корисникот ќе го користи тоа што тие ќе го дизајнираат.
Викаат дека UI/UX дизајнер што знае да кодира е ретко митско суштество. Како планираш да ги поврзеш овие 2 во иднина? Каде се пронаоѓаш повеќе?
Моментално многу се зборува на оваа тема и сметам дека е многу важно за еден UI/UX дизајнер да знае да програмира. На тој начин ја гледа поголемата слика и е од многу поголема помош за проектите и тимот со кој работи.
Повеќе се пронаоѓам во UX-от секако во комбинација со константна работа и на Front-end програмирање. Поврзувањето на овие две би било јас да го испишам кодот за wireframe-от кој претходно ќе го исцртам.
На какви проекти имаш работено до сега? Што се можеме да најдеме во твоето портфолио?
Имам работено на многу проекти до сега, од магазини, налепници и брошури до social media креативи, гифови и анимација. Портфолиото ми е доста “шарено” и тековно го полнам со UI/UX проекти. Потполно сум фокусиран на UI/UX проекти и во моментов работам на еден UI/UX проект за кој сметам дека еден од подобрите проекти на кој сум работел.
(Димитар на Behance.)
Сега кога ги совлада сите предизвици кои ти ги зададовме ние, што е следно? Во каква компанија би сакал да работиш?
План ми е константно подобрување во UX дизајнот и програмирањето.
Фокус ми се IT компании, Мултидисциплинарни дигитални агенции, Дигитални дизајн агенции.
Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види програма тука.