„Да се биде програмер значи… Многу избришани линии код што не работат, а една линија што работи.“  Ивана по завршување на Академијата ја започна својата кариера како front-end developer и работи на интересни front-end решенија како дел од тимот на Бизнис каталог.

Академија за програмирање ? codepreneurs.co 

Графички дизајнер па сега програмер. Која е Ивана кога не е ова?

Крајности се рачунаат? 🙂 Од прецизна, точна и одговорна на работа, атмосферата во слободно време е сосема различна.
Од прошетки на планина без погледнување во саат, до удобно стуткана во кревет прегледувајќи ги по 100ти пат филмовите на Марвел. Мајка сум на мало бебе, активист за човекови права и активист за права на животни.
Ревносни битки на многу боишта, би ме опишале најдобро вон професионален живот. 🙂

Беше дел од Академијата за Front-end програмирање и сега си дел од тимот на Бизнис каталог. Како се движеше низ целата трансформација?

Сѐ се одвиваше според мојот план, Академијата ги исполни сите моите очекувања, па можам и скромно да кажам дури и повеќе од тоа, земајќи во предвид колку целиот тим ми излезе во пресрет со вон наставни прашања, дополнителни вежби и посветеност.
Личниот ангажман и трудот на целиот тим на Брејнстер околу моето дообразование и трансформација, соодветствуваше со активните понуди за работа.
Ја избрав најсоодветната според мои критериуми, тим од млади експерти гладни за поголем успех.
Лесно е да се вклопиш во нова средина кога на сите целта им е иста – денот да заврши успешно.

На какви проекти работиш моментално? Како изгледа еден твој работен ден?

Најголемиот дел од времето ми е посветено на интересни front-end решенија, континуирано се работи во сфера на дизајн според тековни трендови.
Денот секако, започнува со кафе 🙂

Да се биде програмер значи… Многу избришани линии код што не работат, а една линија што работи 🙂

Труд, труд и само труд.  Следење на трендови, константно надоградување со нови технологии, програмски јазици, библиотеки… Секако, радозналост и амбиција се клучни.
Верувам дека програмирањето може да биде буквално за секого доколку дисциплината ви е дел од секојдневието.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види програми тука.