Од Creative Thinking до Package Design со Дијана Димитриевска – инструктор на Академијата за дизајн

Дијана е графички и индустриски дизајнер, концептуалист, заљубеник во визуелна и музичка нарација и нивните интерференции, во приказните на формите, во емоциите на тоновите. 7 годишно работно искуство во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција.

Здраво Дијана, nice to meet you! Некои од нас те познаваат од град, а некои од победничката етикета за Tikves Chardonnay во 2013, колекцијата накит на Скопје Дизајн Week 2012, постерите за Goldendrum: Ljubljana Poster Award или твоите дигитални илустрации за Гуш и Бац.

Ние имаме чувство како навистина да уживаш додека патуваш низ дизајнерскиот пејзаж. Како ја дефинираш твојата работа, што ти е омилен дел од неа?

Здраво Brainster, finally 🙂 Вака сумирано се’ во една реченица звучи како шарен пејсаж. Навистина тешко се дефинира било која креативна работа. Низ мојата призма тоа е жива материја која со осцилирачка развојна линија се процесира низ личниот психички суд, бај д бук параметри, искалапено од моменталните трендови и општествена чуствителност… и има голем потенцијал во процесот да излезе од претходно издефинирани или пак очекувани насоки, а будното око на кративецот треба да ги препознае насоките во кој има потенцијал.
Омилен дел од работниот процес ми е секако финалната егзекуција на една идеја… и секундата во кога се-ко-гаш имаш коркција за како би функционирало подобро. А баш се-ко-гаш и може подобро 🙂

Со учесниците на Академијата за дизајн, ќе работиш на Package Design и Creative Thinking. Според тебе, во која мера треба еден дизајнер да биде инволвиран во бизнис делот на продуктот за да може подобро да ги испорача проектите?

Инволвиран во целост, детално запознавање со самиот продукт, патот од неговото стварање до рацете на потрошувачот е место исполнето со инсајди релевантни за позитивен и успешен проект. Секако дека физичката инволвираност не е секогаш можна, но затоа е тука добриот бриф кој треба да го покрие тој дел.

Со дигитализацијата на економијата, има се поголема побарувачка за дизајнери. Што треба да направи еден ентузијаст, за да започне успешна кариера како дизајнер? (во насока, колку треба да се вложи:)

Особено денес има многу начини да се започне кариера односно да се изучи занает, онлајн или риал лајф по избор туторијали, предавања, приватни часови, курсеви, стручна литература, пракси, фестивали итн итн. Да се размислува како дизајнер значи многу повеѓе од познавање на графички софтвери и нудење визуелно решение. Тоа е процес кој пред се’ бара време, ефорт, енергија и инволвираност во актуелните случувања подеднакво локално и глобално, да се запознае пулсот и чуствителноста на опшеството, пазарот, побарувачките, мајндсетот на луѓето, што ги мотивира, што ги води кога прават одлуки, да се наоѓа инспирација под дрво и под камен, да се најде релевантна инспирација меѓу брдото инспирации, да се биде отворен за критика и за објективен фидбек, да се соработува, да се сведе цела суштина во еден симбол и од еден симбол да се развие приказна, да се комуницира преку вредностите на еден бренд, да се спои функционално и убаво, да се познаваат естетските вредности на ниво на интуиција…. и уште мал миљон. Овој дел најбрзо се учи низ практична работа, ит тејкс тајм, но ги охрабрувам сите кои имаат ентузијазам да почнат од некаде.. од било кај 🙂

Кои дизајнери најмногу влијаеле на твојата работа? Сподели ни некои твои дизајни! 🙂

Моето свето тројство за графички дизајн од локалната сцена се – Дамјан Симев, Мики Стефаноcки и Воислав Димитријевич. Имав среќа со 2јца од нив да работам и да научам многу. Постојат бројни светски инспирации но неизмерно засекогаш ќе ме воодушевува минимализмот на Dieter Rams и неговиот “less but better” покажан на дело.

Трето место на GoldenDrum 23 – Ljubljana Poster Award (2016)

 

Дизајн на постери за HeartBeats, локална платформа за промоција на ликвид и интелиџент драм & бејз музика.

Сигурни сме дека ќе имаш многу инспиративни сесии со учесниците на Академијата па кои се твоите очекувања? Каков дух треба да понесат студентите со себе за успешно да ги совладаат предизвиците?

И јас сум возбудена за предстојните сесии, особено за исходот од нашата работа 🙂 Земети си го својот автентичен каков и да е дух, важно е да е мотивиран, отворен за тимска креативна работа и дискусии. Техниката е вештина која се учи прва, но тимскиот креативен дух и соработка во процесот на дизајнирање ќе ве доведе до резултати кои ќе ве изненадат.