На преминот од традиционален кон дигитален маркетинг ја запознавме Мимоза Галевска која беше дел од Академијата за дигитален маркетинг. По завршувањето започна да работи дигитален маркетинг како дел од маркетинг тимот на Bonatti.
Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука.
Од каде започна твојата дигитална приказна? Со што се занимаваше пред Академијата за дигитален маркетинг?
Пред Aкадемијата за дигитален маркетинг имам работено на повеќе работни позиции како референт за увоз, маркетинг аналитичар… Но преминот од традиционалниот маркетинг и потребата од дигитален маркетинг ме донесе во Brainster и до прекрасниот тим на предавачи кои се секогаш отворени за соработка.
Кој е твојот најголем предизвик во работата?
Да ги применам сите алатки кои беа дел од академијата и нормално успешни кампањи со позитивни резултати. Како дел од маркетинг тимот на Bonatti, среќна сум што имам можност и отворени раце да ги искористам.
Кои се чекорите за креирање на маркетинг стратегија? Од каде започнуваш и дали ги применуваш тактиките кои што ги стекна на Академјата за дигитален маркетинг?
Започнувам од поставување на целта на кампањата, дефинирање на KPI’s , дизајн тактики, избор каде ќе ја поставиме кампањата, мерење и оптимизирање. Пет пати мери еднаш сечи ☺
Во ера на дигитален маркетинг работите се менуваат со огромна брзина. На што треба да бидат спремни дигиталните маркетери за 2019та?
Најпрво треба да го сакаат тоа што го работат ☺ и да не престануваат да учат нови работи, да читаат и следат постојано што се случува во дигиталниот свет. Да бараат мотив и инспирација насекаде. Да бидат спремни на многу промени на кои треба брзо да се прилагодат.
Уписите се во тек. Види ја програмата тука.