Case study: Промоција на настанот Global Entrepreneurship Week

Овој текст е дел од серијата Case Studies за проектите од студентите на Академијата за дигитален маркетинг, како дел од нивната работа на реални маркетинг кампањи. 

Модул: Unpaid Social Media Marketing

Задача: Промоција на настанот Global Entrepreneurship Week – Скопје во организација на Startup Macedonia.

Настанот Global Enterpreneurship week во Скопје на 14.11 ја претстави темата „Корпоративни иновации“. Целта беше да се мотивираат локалните големи компании да ги инволвираат програмите за иновации во стратешки партнерства со македонските стартапи.

Нашите студенти, Матеа Кофиловска, Маја Димитровска, Цветанска Цветановска, Елисавета Ампова, Марина Перчиниќ, Андреа Томиќ и Мартина Зарева, работеа на маркетинг стратегија која вклучуваше истражување, а потоа креирање и објавување на социјалните мрежи.

Целта на кампањата беше промоција на настанот.

Решение: Дизајнирај, спроведи, тестирај, мери

Секој студент имаше самостојна задача да креира по 4 објави за различни социјални мрежи кои ќе помогнат во остварувањето на целта: полна сала на денот на настанот. Од каде да се започне?

По детално проучување на брифот од клиентот, ги следевме следните чекори:

Чекор #1

Креирање value proposition – ги дефинираа вредностите на продуктот за и тие самите подобро да го разберат, пред да започнат да го промовираат.

Чекор #2

Изработка на креативи – Од визуелно решение кое ќе одговара на таргет групата, до copywriting кој ќе ги зголеми конверзиите, секој од студентите изработи решение врз база на брифот од клиентот, и не заборави на тоа да остави свој печат.

Чекор #3

Споделување на социјални медиуми – Ги споделивме изработените решенија и го следевме нивниот перформанс.

Го одредивме победникот според најголемата стапка на органски досег, и победниците освоија билети за настанот.

(Дел од изработените решенија)

Резултат: Успешна промоција! На настанот немаше ниту едно слободно место.

Честитки за целокупната организација на настанот и големо браво за студентите за нивната успешно реализирана кампања.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види програма тука. 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫