Рековме дека ќе ги трансформираме кариерите на сите учесници кои ги посетуваат нашите академии. Коста Печевски е следниот во низата успешни приказни.
Дојде на Академијата за програмирање со професија како проектен координатор во невладиниот сектор, а сега е вработен како Web developer во Le Foog.
Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види програма тука.
1. Браво Коста! Ти посакуваме блескава кариера. Што работиш во моментов?
Здраво, јас сум Коста Печевски, дипломиран економист по надворешна трговија. Моментално вработен како Backend Developer во Le Foog каде што тековно работaм на неколку проекти (web апликации). Мојата програмерска кариера, иако само што започна (сѐ уште сум Junior), можам да се пофалам дека одлично оди и полека, но сигурно ја остварувам зацртаната цел.
Слободното време (што ми претставува луксуз деновиве) најчесто го поминувам на велосипед, на планина, пиво со пријателите или во последно време читање на стручна литература поврзана со програмирање.
2. Како реши да станеш програмер?
Отсекогаш мислев дека е многу cool да можеш да работиш од било кое ќоше на планетава и сам да одбираш кога да ти почне работниот ден. А оваа професија токму тоа ти го нуди.
До пред година дена, програмирањето за мене претставуваше нешто недостижно, многу сложено и комплицирано, резервирано за луѓе што почнале со програмирање од мали нозе или што завршиле високо образование поврзано со програмирање. Но, колку повеќе се информирав за програмирањето, толку повеќе самата материја и не изгледаше толку неразбирлива, а колку повеќе ја разбирав, толку стануваше сѐ поинтересна.
По неколку разговори со пријатели и луѓе вработени во оваа област се решив за career change, преквалификација кон програмирање. Кога ја донесов одлуката за преквалификација ‘магично’ ми се појави Aкадемијата. Аплицирав, ме викнаа на разговор, ме примија на Aкадемијата и додека да се свестам, заврши. (не се шегувам, исто како вчера да беше разговорот со Петар).
3. Сподели некое искуство од Академијата за програмирање, како си помина?
Нема да лажам, Академијата беше напорна, многу доцни вечери и неспани ноќи, нервози и фрустрации, но исто така супер интересна, динамична и возбудлива и едно од моите најдобри искуства што не би го менувал. Темите на кои што разговаравме на Академијата беа нови за мене и бараа многу истражување, читање и еден куп туторијали.
Покрај академскиот аспект, запознав луѓе што денеска ми се пријатели, ме натера да излезам од мојата комфорт зона, на различен начин да се соочувам со предизвиците и проблемите, како професионално така и приватно и истите да ги решавам на поаналитички начин.
Исто така добив можност пар месеци да бидам асистент на наредната Академија за програмирање каде што дел од новостекнатото знаење имав шанса да го пренесам на идните програмери. 🙂
4. Како се станува програмер за 6 месеци?
Не се станува… без целосна посветеност, континуирано учење и усовршување, фокус и нормално, пишување на домашни 🙂
Доколку сте како мене, без претходно искуство во програмирањето, Академијата е одлично место да почнете. Неколку месеци да си опкружен со луѓе со кои делите исти академски интереси и цели претставува одличен мотив за совладување на материјалот. Морам да ги пофалам и менторите од Академијата кои несебично го споделуваа своето знаење, тековните промени во индустијата веднаш ги пренесуваа на предавањата и на сите наши прашања одговараа со внимание и посветеност.
5. Што е следно за тебе?
Пред звањето Back-end Developer, место Junior да стои Senior 🙂 , усовршување на стекнатото знаење, тековно следење на промени во индустијата и нормално куцање на sexy кодови 🙂
Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.