Успешна приказна – Ема Радончиќ од Aкадемијата за маркетинг

Маркетингот е еден од начините да се раскаже приказна и да му се испорача токму на оној на кој треба и кој ќе ја прими пораката од приказната. Овојпат ќе пишуваме за успешната приказна на Ема Радончиќ од Академијата за маркетинг, која веднаш по завршувањето на Академијата се вработи во Dolare.

Уписите се во тек. Види ја програмата тука.

Здраво Ема! Кажи ни нешто повеќе за твојот нов предизик.

Работам во start-up. Самото по себе значи дека работам во динамична средина со колеги од неколку континенти кои го делат истиот ентузијазам. Динамиката од Brainster ја продолжив во Amerbank. Предизвиците си доаѓаат сами по себе и постојано има што да се учи додека ги остваруваме посакуваните резултати. Работењето со повеќе работни култури кои се движат кон иста цел е неверојатно искуство бидејќи досега сум работела само со европејци.

Знаеме дека си филолог кој еволуира во дигитален маркетер. Што е тоа што те поттикна да започнеш со дигитален маркетинг?

Додека бев на Академијата си потврдив дека некои сериозно добри дигитални маркетери воопшто немаат претходна основа од маркетинг. Нема да верувате, ама многу филолози работат во маркетинг секторот, особено оние со книжевна основа. Јас сум филолог книжевник. Од секогаш сум сакала да раскажувам и пишувам приказни. Маркетингот е само еден од начините да се направи тоа; да се раскаже приказна и да му се испорача токму на оној на кој треба и кој ќе ја прими пораката од приказната. Во последниве години гледаме дека дигиталниот маркетинг го заменува традиционалниот бидејќи се фокусира на клиентите/потрошувачите, нивните потреби и желби. Замисли да си танчер, а постојан да ти стигнуваат брошури за градежен алат? Не оди, нели?

Што најчесто применуваш во работата, од тоа што го совлада на Академијата за маркетинг?

Во моментов работиме на градење на имиџот на компанијата и на присуството на социјалните медиуми, така што сме фокусирани на создавање содржини кои ќе им користат на нашите клиенти. Имаме доста цели кои сакаме да ги постигнеме, но засега овие две ни се приоритет.

Кој ти беше најголемиот предизвик до сега, и на што сакаш да работиш во иднина?

Amerbank е компанија која поврзува две области: финансии и технологија, или скратено fintech компанија. Следењето на случувањата и најновите трендови е предизвик сам по себе бидејќи секој ден има новитети. Во моментов го работам токму она што го замислив за себе кон крајот на Академијата, а за иднината имаме доста идеи кои меѓу кои и општествена одговорност. Но сега за сега, приоритетите ни се фокусирани на градењето на брендот.

Што ќе им порачаш на сите кои во иднина сакаат да започнат кариера како дигитални маркетери?

Дигиталниот маркетинг е авантуристичка игра каде губиш само ако се откажеш. Нема точна формула која води кон успех, мораш сам да ја најдеш и тоа е најголемата забава. Дарјан Раденковиќ има одлична политика за ова: test – optimize – test again. Мојата порака е: Pack. You are going on an adventure.

 

Уписите за новите групи кои започуваат во октомври се во тек. Види ја програмата тука.

Related Stories For You