Growth marketing работилница во соработка со маркетинг агенција Vrootok

Некои од најголемите бизниси во светот започнале од side projects идеи. Поради важноста на генерирањето идеи и начини како да се зголеми растот на бизнисот, на Академијата за маркетинг имавме Growth marketing работилница во соработка со дигиталната маркетинг агенција Vrootok.

Најдобрите идеи кои произлегоа од учесниците беа имплементирани во маркетинг стратегијата на Vrootok. На крајот учесниците беа подготвени да развијат своја сопствена стратегија и да го спроведат својот прв експеримент за зголемување на растот на бизнисот. 

Кои се фазите кои треба да се поминат на една ваква работилница?

Многу компании сакаат секој иден проект да го дискутираат до бескрај. Но што се случува со продуктивноста на тие состаноци? Потребни се добри резултати без долги дискусии во тимот. Ваквиот начин на развивање идеи е одличен начин да се скратат непотребните состаноци кои на 80% од вработените им го одземаат времето, а завршуваат многу непродуктивно. Концептот може да се користи за да се дојде до креативни решенија за идни проекти, иновации во компанијата, дизајнирање на нов продукт, итн.

Од каде да се започне?

Од тимот! Потоа неколку стикери во различни бои, мали стикери кои ќе служат за гласање и пенкала за тимот. Тајмер кој ќе го мери времето и ќе ве потсетува до каде сте. Целта е да бидете ефикасни и да се сработи за кратко време. Омилената плејлиста и празна површина во просторијата како ѕид или прозорец.

Следно? ?

Одберете модератор. Модераторот е еден од клучните личности, затоа што мора да ја води работилницата чекор по чекор. Доколку немате модератор ќе настане хаос. Освен што целта е да ја води работилницата, има дозвола да прекине во било кое време кога тимот ќе се дефокусира.

Кои се чекорите кои ги направија учесниците на Академијата за маркетинг?

Чекор 1 – Генериравме идеи

Целиот блок вкупно траеше 50 минути.

20 минути генерирање идеи.
20 минути евалуација на конкуренцијата.
10 минути евалуација на други продукти кои не мора да се конкурентни, но можеме да извлечеме инспирација, добри практики и факти.
Ја собравме групата и им поделивме стикери и пенкала. Секој требаше да напише што е можно повеќе идеи поврзани со идните активности на агенцијата Vrootok. Можеше да биде за некоја идна маркетинг кампања, проект, настан или да е поврзано со продажба. Секогаш се потребни подобрувања.

Кога модераторот ќе ве прекине, стопирате со сè што правите во моментот. Првата работа на која сите се согласивме е дека нема лоша идеја. Навистина е така. Колку и да ви се чини бесмислена, кажете ја гласно, некој ќе ја надополни, ќе ја развиете и пред вас може да стои нов голем проект.

Чекор 2 – Ги презентиравме идеите

Овој блок траеше 30 минути.

Модераторот ја повика секоја личност посебно, и секој своето купче на идеи го претстави пред тимот. Секој имаше по 30 секунди од идеја добро да ја испрезентира и со факти да објасни зошто треба да се имплементира. Потоа ги лепи стикерите на ѕидот или прозорецот за да можат сите да ги видат.

Чекор 3 – Гласавме за идеите

Mодераторот му подели на тимот 3 помали стикери. Секако, дозволено е и тој/таа да учествува. Секој член од тимот многу тивко ги разгледа идеите на сите и имаше право да гласа за најдобрите 3.

Правилото е следно, може да се стават сите 3 стикери на една идеја или да се одберат 3 различни најдобри идеи. Целта е да се елиминираат идеите кои имаат најмалку гласови, како би се фокусирале на останатите.

Чекор 4 – Приоритетизација

На модераторот и тимот им требаат неколку минути да ги приоритетизираат идеите: тие со најмногу гласови остануваат, идеите со најмалку гласови или кои се повторуваат се тргаат на страна.

Чекор 5 – Напор наспроти вредност

Јасно е дека некои идеи и решенија се побитни и повредни од останатите кога станува збор за тестирање. Секоја активност има различна тежина и потребен е различен напор за да се имплементира и изврши. Користевме едноставна скала на приоретизација за да одредиме кои решенија ќе се направат уште следниот ден. За останатите потребен е поголем труд, а со тоа и повеќе време. Идеите со највисок импакт, а со вложен најмалку труд, веднаш ќе се имплементираат.

Чекор 6 – Имплементација

За краток временски период, успеавме да дефинираме важни предизвици и да се фокусираме на неколку добри идеи речиси целосно без дискусија. Следниот чекор е сите идеи и активности да ги имплементираме распоредувајќи ги во еден документ, по временски редослед. Кога идејата ќе ја претвориме во активност, поставуваме очекувања за неа за потоа да ги измериме резултатите кои ги носи.

Во Brainster го користиме овој метод за речиси секој иден проект, како би се подобрувале постојано. Сметаме дека добра структура и дисциплина се многу важни кога сакаме со помалку напор да стигнеме до неверојатни решенија и идеи.

 

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА