Сигурни сме дека барем еднаш имаш налетано на некои од следните интересни митови за користење на Google реклами. Како платена платформа за рекламирање и достапна за сите компании и локални брендови, ќе се запознаеме подобро со сите цаки и алатки кои ги нуди, на курсот за Google рекламирање.

 

Мит бр. 1  –  Некои агенции имаат писмени договори со Google, кои им овозможуваат да постават реклами на првите три позиции на левата страна на страницата со резултати од пребарувањето.

Факт: Според Google, ниту една фирма не може да потпише т.н. “Договор за ексклузивност за спонзорирани линкови”. Во повеќето случаи првите позиции се резервирани за добро оптимизирани кампањи. Секој корисник на AdWords, кој барем еднаш имал можност да создаде своја кампања, знае дека рекламите во резултатите од пребарувањето постојано се ротираат во зависност од многу фактори, како на пример квалитетниот рејтинг, CPC, квалитетен landing page итн. Сите огласувачи кои работат на оптимизација и постојан надзор на своите кампањи имаат шанса да ги покажат своите реклами лево и десно на страницата со резултати од пребарувањето како спонзорирана врски.

Мит бр. 2 – Рекламите на повисоки позиции имаат подобра ефикасност од оние на пониски позиции.

Факт: Во многу статии поврзани со Adwords често може да се сретне поимот “златниот триаголник на Google”, што всушност претставува графичко претставување на резултатите и позициите на рекламите на кои најчесто кликаат корисниците. Ако рекламата не е наменета за точната публиката, таа нема да го привлече интересот на корисниците дури и да се појави на првата или втората позиција. Рекламите треба да се насочени кон корисници со потенцијален интерес кон производот и содржината на рекламниот текст треба да ги привлекува луѓето да кликнат на истата. Во такви случаи нема никакво значење дали рекламата е прикажана на втора или на петта позиција.

Мит бр.3 – Никој не клика на Google реклами.

Факт: Ова е најлесно за разоткривање. Со мало истражување овие информации се стигнува веднаш. Колку приход сметате дека Google генерира во еден ден само од AdWords? 1 милион долари? 10 милиони долари? Google генерира над 100 милиони долари, само од луѓе кои кликаат на овие реклами. Со просечна цена на cost per click помеѓу $1 и $2 долари, тоа е нешто повеќе од 50 милиони кликови дневно.

Мит бр. 4 — Mојот веб сајт е на англиски и не можам да го промовирам на македонскиот пазар.

Факт: Ова не е точно. Главна цел на Adwords кампањите е да се огласуваат реклами кои ќе бидат прикажани на корисници кои се заинтересирани за производот кој се рекламира, кои ќе ја разберат содржината на рекламата и ќе ја споделат истата со своите пријатели. Токму затоа рекламите на англиски јазик ќе бидат најефикасни на пазари како САД, Велика Британија или Канада, рекламите на француски јазик ќе бидат најефикасни во Франција, а рекламите на македонски јазик ќе бидат најефикасни во Македонија.
Во основата на креирањето на Adwords кампањи лежи деталното истражување на пазарот, како и анализа на потенцијалните корисници во рамките на тој пазар. За таков тип на анализа постојат многу алатки, а една од најкористените е Google Analytics. Доколку имате детална анализа на пазарот и типот на потенцијални корисници кои сакате да ги таргетирате во рамките на тој пазар, лесно и брзо ќе може да создадете ефикасни реклами кои ќе го привлечат вниманието на таа публика.

 

digitalen marketing skopje