Од училница до општествена промена: Средношколците на NU креираа маркетинг кампања за Ј.П. Лајка

Работата на реални проекти уште за време на средно образование не е само добро искуство, туку е пресудна за тоа како средношколците ја разбираат својата идна професија, одговорноста и начинот на работа во реални услови.

Токму тоа е пристапот на NU академиите, каде што средношколците не учат само алатки и теорија, туку активно работат на реални предизвици, со реални клиенти, ментори и рокови.

Овој пат, пред нив имаше креативен, општествено одговорен и хуман предизвик – хакатон за Ј.П. Лајка, создавање маркетинг кампања за подигнување на свеста за вдомување на бездомни кучиња и одговорна грижа за милениците.

А кога креативноста ќе се спои со хуманоста и младоста, крајниот резултат се идеи што оставаат без зборови.

-Воодушевена сум од нивните идеи и презентации, особено од начинот на кој ја сфатија задачата, како ги препознаа главните предизвици од кои требаше да развијат приказна и колку длабоко навлегоа во проблематиката на која требаше да ѝ дадат видливост. Воодушевена сум од нивниот талент, начинот на кој размислуваат, од графичките решенија и духовитоста, и ќе биде навистина тешко да се одбере една презентација, сведочи Радмила Пешева, директорка на Ј.П. Лајка.

Пешева верува дека, освен што оваа соработка ќе биде многу корисна за подигнување на свеста за работата на Ј.П. Лајка, таа претставува и значајно искуство за самите средношколци.

-Сметам дека и ним овој хакатон им помогна да развијат вештини. Верувам дека темата им се допадна и се надевам дека ќе продолжат да работат на истата, заклучува таа.

За средношколците на NU, хакатоните се чекаат со нетрпение.

Зошто? Одговорот доаѓа од самите ученици.

-Хакатоните ми се особено интересни затоа што запознавам врсници со слични интереси, работиме тимски и стекнуваме реално практично искуство. На ниту едно друго место во Македонија не можете да добиете ваква комбинација од практична работа, тимска соработка и реални проекти, објаснува Антонио Левков од Академијата за графички дизајн х AI.

За него, ова е втора академија, а задоволен од искуството, решил да се запише и на уште една.

-Искуството на NU академиите е навистина одлично. Ова ми е веќе втора академија. Првата беше за веб девелопмент, а оваа за графички дизајн, додава тој.

Анја Костадиновска, ученичка на Академијата за графички дизајн х AI, вели дека токму работата на реални проекти е она што најмногу ја мотивира.

-Многу е интересно што работиме на реални проекти и тоа е навистина одлично искуство. NU академиите се одлична опција за ученици кои сакаат да стекнат практично знаење и да започнат со својата кариера уште во средно образование, вели таа.

Огнен Ристески додава уште една важна димензија – разбирањето на бизнис-страната на креативната работа.

-Сакав да научам како се комуницира со клиенти и да ја разберам бизнис страната на креативната работа. Не само да цртам, туку да знам како моите вештини функционираат во реален свет, заклучува Огнен.

На NU академиите, средношколците:

  • работат на реални проекти,
  • добиваат менторски фидбек,
  • учат да работат во тим,
  • градат портфолио уште пред факултет.

Затоа што вештините за високоплатени професии се градат на 14, а не на 24 години.

Аплицирајте за стипендија во износ до 30.000 денари.
Веќе се доделени 20, а остануваат уште 10 стипендии.

Не чекај – аплицирај уште денеска.

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!