Промена во став, фокус и мотивација – што гледаат родителите кај своите NU средношколци?

Во време кога младите се соочуваат со брзи промени, нови технологии и неизвесен пазар на труд, родителите сè почесто го поставуваат истото прашање: дали образованието навистина го подготвува моето дете за реалниот свет?

И најискрениот одговор доаѓа од секојдневното искуство – од искуството на родителите чии деца со жар им зборуваат за часовите, од родителите кои препознаваат позитивни промени кај својот средношколец и јасно гледаат дали и колку нивното дете е мотивирано, дали напредува и дали се чувствува сигурно во своите знаења.

Токму такви искуства споделуваат родителите на ученици кои ги посетуваат програмите на NU академиите за амбициозни средношколци.

Има ангажман, и тоа е најважно. Заинтересирана е, активна и со желба оди на часовите“, вели Марјан Филиповски, татко на Софија, ученичка на програмата Дигитален маркетинг x AI.

Кога ученикот самостојно покажува интерес и желба да учи, тоа е најјасниот сигнал дека наставата не е формалност, туку процес што инспирира.

За Кристина Пеева, мајка на Борјан, впечатокот е уште подлабок:

Досега сум презадоволна. Сака да продолжи и на факултет на Brainster Next. Гледам дека е заинтересиран, ангажиран и навистина задоволен од програмата.“

Желбата да се продолжи образованието во иста средина кажува многу за довербата во пристапот, менторите и вредноста што детето ја добива уште во средно.

Гордана Барбашка, мајка на Теа од програмата Графички дизајн x AI, ја нагласува практичната страна на процесот:

„Задоволна сум. Таа е исполнета и времето ѝ е квалитетно исполнето. Задоволна е и од начинот на кој се следат часовите: различни професори, реални искуства и средби со компании. Најважно од сè – среќна е. Сметам дека ова ќе ја подготви за вистинска комуникација со претпоставени и компании, нешто што преку редовното образование ретко го добиваат.“

Токму овие реални искуства, контактот со професионалци, различни перспективи и вистински проекти се она што ретко го нуди класичното образование.

Игор Миноски, татко на Андреј од програмата Веб програмирање x AI, го сумира искуството вака:

„Од она што Андреј ни го пренесе, задоволен е од сè: од професорите, наставата и програмата. Видливо е дека има напредок во однос на претходното знаење. Задоволен е и од задачите што ги добиваше и од начинот на кој тие беа поставени. И тој и јас сме презадоволни. Сметам дека ова е многу добра пракса, бидејќи практичното знаење ќе му биде најпотребно во иднина. Сè што досега сум видел целосно го поддржувам и немам никакви забелешки.

Заедничко за сите овие искуства е едно: NU средношколците не само што учат, туку практично се подготвуваат за она што следи.

А кога родителот јасно го гледа напредокот и тоа не само во оценки, туку и во самодоверба и разбирање, ја добива најсилната потврда за квалитетот на образованието.

И тоа не било какво, туку образование што ги подготвува средношколците за високоплатени професии на 14, а не на 24 години.

Затоа доделуваме стипендии во висина до 30.000 денари на 30 средношколци.
Веќе доделивме 20, останаа уште 10.

Аплицирајте уште денеска – тука.

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!