NU Академиите за средношколци ја освојуваат Европа


NU Академиите за амбициозни средношколци, како дел од Brainster Group, заедно со целата Групација стануваат членка на All Digital — водечка пан-европска мрежа со седиште во Брисел, која ја движи агендата за дигитални вештини, дигитална писменост и инклузија низ Европа.

All Digital е една од најголемите европски мрежи за дигитални вештини и опфаќа заедница што работи преку 25.000 дигитални компетентностни центри низ Европа. Организацијата е лидер во дигиталната инклузија, со фокус на 21-вековни вештини и дигитална трансформација, усогласена со DigComp и други европски стандарди.

Што значи ова членство за Brainster Group и NU Академиите?

Ова членство е значаен чекор затоа што ни овозможува:

  • директен пристап до европски добри практики и модели за практично и неформално учење на дигитални вештини
  • вмрежување и партнерства со организации низ Европа (образование, иновации, дигитална инклузија)
  • можности за меѓународни проекти и истражувачки заедници, како и следење на најновите политики на ЕУ ниво
  • дополнителна насока за усогласување со стандарди за квалитет и рамки за дигитални компетенции (DigComp)

Во 2026 година, Brainster Group ќе го претстави својот современ модел на практично образование пред европската дигитална заедница, со цел да донесе повеќе знаење, искуства и партнерства назад — во програмите, во наставата и во развојот на младите.

Ова членство е дел од нашата долгорочна стратегија: да носиме европски стандарди, практики и партнерства во регионот — и да создадеме повеќе можности за младите преку вештини што се применливи, мерливи и барани на пазарот на труд.

Наша визија е јасна: да ја направиме Македонија позната по квалитетно образование.

Затоа, отворивме повик за Средношколски стипендии до 30.000 денари за NU академиите.

Пријавете се. Повикот за стипендија трае само 30 дена!

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!