Од училишни клупи до реални проекти и пракси: Дипломира првата генерација на NU High School Academy

Со искра на гордост во нивните очи и цврсти чекори кон иднината кои сами ја создаваат, дипломираше првата генерација средношколци на NU High School Academy. 

Ова е генерација средношколци, кои веќе оставаат трага и покажуваат дека иднината не се чека, туку се создава и тоа уште во средно.

Еден средношколец веќе го потпиша својот прв работен договор, а четворица започнаа пракса во реномирани компании. 

Но, овие приказни не се случајни. Тие се плод на средина каде младите не учат само формули и дефиниции, туку и како да мислат, да создаваат, да преземаат ризик.

Ако го земеме во предвид фактот дека еден македонски ученик, до крајот на своето средно образование, ќе помине околу 4.656 часови во училиште и дека поголемиот дел од тие часови се посветени на традиционални предмети како што се математика, јазици, природни и општествени науки, оправдано е што секој родител си го поставува прашањето: дали часовите што ги минува моето дете во училница навистина го подготвуваат за светот што го чека?

Според официјалните податоци, само 4–5% од часовите носат содржини што навистина подготвуваат за дигиталниот и брз свет што доаѓа. 

Реалните проекти со компании речиси и не постојат.

Вистината е дека многу малку време и внимание се посветува на вештините кои се клучни во современото дигитално и брзотрансформирачко општество. И тоа подоцна ќе претставува проблем и пречка кога младите ќе бараат работа и ќе ја започнуваат својата кариера.

Нема родител кој не сака сигурна иднина за своето дете. Да биде подготвено за предизвиците кои ќе го очекуваат. Да биде сигурно во себе и да знае како да ги искористи своите потенцијали. Но важно е и да знае како да се снајде со пари, како да ја развие сопствената идеја и како да користи технологија што го менува светот.

И тука доаѓаме до одговорот на следното прашање:

Зошто NU Академијата е важна за Вашето дете?

На NU Академијата за талентирани средношколци, Вашето дете ќе ги учи и развива вештините кои ќе му бидат корисни и денеска, но и во иднина:

  • Преку предметот за финансиска писменост ќе учи како да управува со лични и деловни финансии.
  • Претприемачки начин на размислување ќе ги поттикне и научи како да креира идеи, да развива бизнис-план и да ја гради сопствената иднина.
  • Како да ја користи вештачката интелигенција на практичен и применлив начин, но исто тска и за кодирање и решавање проблеми.
  • Ќе работи на реални проекти со компании, затоа што средношколците на NU Академијата, добиваат искуство кое инаку го стекнуваат дури на факултет или во работна средина.

Ние веруваме дека Вашето дете заслужува повеќе од теорија.

Светот брзо се менува, а знаењата што носат успех денес се многу поразлични од оние на кои традиционалното образование најмногу обрнува внимание.

На NU Академијата, Вашето дете добива конкурентна предност а компаниите го забележуваат неговиот потенцијал уште додека е средношколец.

Останаа уште 15 места за талентирани средношколци! Можност за пријавување до 15 октомври.

Related Stories For You

Откриј повеќе за бесплатниот AIatWork настан