🔍 Како до поголема конкурентност на пазарот на трудот? 

🔍 Кои вештини ги бара индустријата?

🔍 Кои се професиите на иднината? 

🔍 Која образовна програма ќе ме подготви за вработување? 

🔍 Како до посакуваната професионална трансформација?

🔍 Како да почнам нова кариера во Новата 2024? 

 

Толку многу прашања, а толку малку време!

Ова се само дел од прашањата кои многумина си ги поставуваат во последните денови од 2023, правејќи планови за наредната година. Всушност, ова се дилемите кои ги имаат сите оние што размислуваат за иднината на својата кариера… Сите што посакуваат да го надградат своето знаење, да направат промена на работното место, да напредуваат во професијата или можност да зачекорат во вископлатените професии во ИТ-сферата. 

 

Најзначајната иновација на Brainster!

Сите овие прашања и многу други дилеми поврзани со иднината на образованието и на професиите, вработувањата и на кариерните можности, кои веројатно ги имаш и ти, ќе бидат одговорени на ексклузивниот онлајн настан The Biggest Brainster Reveal, кој е закажан за 4 декември 2023 (понеделник), во 20:00 часот. На виртуелната средба најавуваме револуција во образованието во Македонија!

Нашиот CEO, Петар Ниновски, ќе ја открие најзначајната иновација на Brainster досега. Нешто што несомнено ќе ја (ре)дефинира иднината на учењето.

 

Замисли си иднина…

Замисли си иднина во која образованието не е само стекнување знаење, туку и стекнување конкурентна предност на пазарот на труд! Замисли си образование кое не те подготвува само теоретски за следната работна позиција, туку те подготвува за иднината! Кое ти нуди пракса и можност за вработување во најбараните професии. Тоа е токму она што Brainster има цел да го испорача со својата револуционерна иницијатива. 

 

Зошто не се пропушта The Biggest Brainster Reveal?

Покрај ексклузивна можност да дознаеш за нашиот Biggest Reveal, со присуство на онлајн-настанот ќе си обезбедиш бесплатен пристап до техничкиот курс „Основи на Project Management“ со Огнен Трипуноски, чија вредност е 300€. Со овој курс ќе добиеш вештини со кои успешно ќе раководиш со своите проекти и ќе ја подигнеш твојата кариера до нови височини.

 

Како да си го обезбедиш твоето место?

Не пропуштај ја понудата што ќе ја промени твојата иднина! Регистрирај се сега на настанот! Во твојот календар одбележи го 4 декември 2023, намести го алармот на 20 часот и подготви се за незаборавно патување кое ќе ја одбележи иднината на твојата кариера.  

 

Во чекор со глобална технолошка трансформација

Во ерата на брзата глобална технолошка трансформација, кога сите се стремат да бидат во чекор со новите технологии, Brainster подготвува револуција во образованието во Македонија која гарантира кариерна компетитивност на пазарот на труд, што досега не е понуденa. 

Brainster продолжува да ја менува иднината на образованието преку иновативен пристап кој го интегрира технолошкиот напредок во учењето. Студентите добиваат можност за пристап до квалитетни образовни ресурси, кои им овозможуваат да го развиваат својот потенцијал во различни области.

Ставајќи акцент на вештини што се потребни за вработување во индустријата, Brainster го поддржува концептот на практично учење, каде што студентите директно ги применуваат знаењата во решавањето реални предизвици. Преку својата технолошка и иновативна платформа, Brainster создава модел на учење што ги подготвува учениците за брзорастечката индустрија и за најбараните професии.

 

На работ на нова револуција…

Додека стоиме на работ на новата револуција во образованието, те охрабруваме да ги прифатиш промените, да бараш знаење проактивно и да се подготвиш за кариера која е динамична и иновативна, како ерата во која живееме. Иднината им припаѓа на оние што не само што се приспособуваат на промените, туку и што напредуваат во нејзината средина. Со присуство на The Biggest Brainster Reveal ќе го направиш првиот чекор кон револуцијата, првиот чекор кон твојата иднина. 

 

Резервирај го твоето место тука! Се гледаме на онлајн настанот The Biggest Brainster Reveal!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!