Дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во UX/UI светот.

Со таа цел, последниот предизвик на студентите беше да направат редизајн на апликацијата на Texxano и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Харалампиј Хаџи Спироски, Фросина Кондоска и Маја Зашовска.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за UX/UI дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво тим! Споделете ни нешто за себе!

Фросина Кондоска: Здраво! Јас сум Фросина Кондоска, имам 23 години и сум од Прилеп. Студент сум на Американскиот универзитет ФОН во Скопје. Како креативна личност, уживам да учам нови работи секој ден кога станува збор за дизајнот. Сепак, на Академијата за UX/UI дизајн се запишав со желба да научам нови вештини, да си отворам нови перспективи и можности.

Маја Зашовска: Здраво, јас сум Маја Зашовска. Се запишав на Академијата за UX/UI дизајн со желба да можам ги спојам естетиката и функционалноста, обликувајќи влијателни и кориснички дигитални производи кои ги збогатуваат и воедно им ги олеснуваат животите на луѓето.

Харалампиј Хаџи Спироски: Здраво Јас сум Харалампиј Хаџи Спироски, UX/UI дизајнер. Јас сум посветен да создавам модерен и значаен UX/UI дизајн. Главно се фокусирам кон уникатни и визуелно привлечни UI дизајни. Исто така, работам кон имплементирање на motion дизајн во UI дизајнот со тоа што би ги оживувал интерјефсите на веб страниците и апликациите.

 

Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Првично извршивме детално истражување на потребите на корисниците и на стејкхолдерите. Со тоа откривме еден голем предизивик, а тоа беше како да ја подобриме апликацијата додека истата да остане препознатлива за стејкхолдерите и за веќе постоечките корисници. Пробувавме различни идеи и правевме подобрувања, па така го добивме победничкото решение.

 

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Со постојана комуникација и упорност од страна на тимот успеавме да направиме одличен редизајн и да го исполниме барањето на клиентот, а тоа беше апликацијата да биде лесна и едноставна за користење со визуелно привлечен UI дизајн.

 

Што поточно беше вашата задача? Од каде ја црпевте инспирацијата?

Нашата задача беше целосно да ја редизајнираме апликацијата. Ние црпевме инспирација од современи трендови и дизајни на кориснички интерфејси.

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Со постојана соработка, сложеност и упорност од страна на тимот.

 

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект? 

Возбудливо и напорно од причина што првпат работевме на ваков голем и комплициран проект, но поради тоа ние стекнавме одлично искувство кое ќе ни помогне за понатамошните предизвици во UX/UI светот.

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Ние би кажале дека ова е одлича прилика за да се соочиме со реалниот свет и одлично искувство за како треба да се работи понатаму во оваа кариера.

 

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!



AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!