Студентите од Академијата за дигитален маркетинг се соочија со нов предизвик – работа на реален проект за реален клиент на модулот за Digital PR Strategy.

Нивната задача беше да изработат целосна PR стратегија за Маврово 365 и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Христијан Митрески, Елеонора Крстеска, Филип Русев, Мартина Мајсторовиќ и Беадин Гугна.

 

Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе? 

Христијан Митрески: Јас сум Христијан, дигитален маркетер кој неодамна ја завршив мојата обука на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Вооружен со свежа перспектива и силна основа во најновите дигитални маркетинг техники, нетрпелив сум да тргнам на моето патување за да направам значајно влијание во дигиталниот свет. Возбуден сум што ќе ги применувам моите новооткриени знаења и креативни вештини за да поттикнам резултати за брендовите и бизнисите.

Елеонора Крстеска: Јас сум Елеонора Крстеска, добро организирана и креативна личност со голема страст за дигитален маркетинг. Со посветеност и упорност ги усовршив последните трендови во дигиталните алатки. Моја цел и можност е да го применам ова знаење во секојдневието и да создавам успешни дигитални стратегии и кампањи. Се воодушевувам од предизвиците и можностите кои дигиталниот маркетинг ги нуди и сум среќна што ќе бидам дел од оваа динамична област.

Филип Русев: Јас сум Филип Русев, момче кое има голема пасија кон откривање на нови работи во дигиталниот свет. Исто така, неодамна ја завршив мојата обука на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster која одлично ми ги отвори вратите на современиот дигитален маркетинг. Активно учествував во сите предизвици и проекти кои ни беа понудени, со што добив едно големо искуство во мојата новонастаната кариера. Возбуден сум, но во исто време и подготвен да ги применувам моите новооткриени знаења како помош во создавање на лице за брендови и бизниси. 

Мартина Мајсторовиќ: Здраво, здраво, јас сум Мартина и веќе некое време работам дигитален маркетинг – дигитални комуникации. Апсолутно го обожавам тоа што го работам и затоа и ја посетував Академијата за дигитален маркетинг бидејќи секој пат има нешто ново да се научи и да се усоврши.

Беадин Гугна: Здраво, јас сум Беадин кој неодамна ја заврши Академијата за дигитален маркетинг. Моето патување на ова поле беше обележано со ентузијазам, континуирано учење и посветост во изработка на реалните проекти. Учеството во проекти беше клучно за моето искуство на Академијата за дигитален маркетинг. Цврсто верувам дека практичното искуство е клучно за развој на ова поле. Проектите ми овозможија да ги применам теориите и концептите што ги научив во текот на програмата со сценарија од реалниот свет. Исто така, имав можност да соработувам со колегите студенти, заедно учејќи од нивните различни перспективи и искуства.

 

Како дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да работите на реален проект за клиентот Маврово 365. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?

И најдобрата идеја е безвредна ако не може да се пренесе и ако само ти си ја разбираш. Работата на реални проекти со клиенти нè научи како да го претставиме она што го замисливме во кратки, јасни и ефективни точки.

 

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него? 

Идејата зад проектот беше да се испромовира Маврово 365 како провајдер на тимбилдинг тури во Маврово, како и нивната заложба за промоција на одржлив туризам.

 

Кои беа вашите задачи при креирање на оваа PR стратегија? 

Требаше да се осмисли план и PR стратегија која би го привлекла вниманието на медиумите и која е доволно нова, свежа и newsworthy да заслужи голема покриеност.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата?

Заеднички, со бреинсторминг и нафрлање на идеи, тимски дојдовме до една интересна идеја, на која потоа работевме да се изведе до најситен детаљ.

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка? 

Разработка на PR стратегија – иако еден од последните модули –  е нешто што досега го немавме сретнато, и е потполно различно од сè што сретнавме. Поинаков, и апсолутно еден од поинтересните проекти на кои работевме.

 

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?

Најголемиот предизвик со PR стратегиите е тоа што нема формула за нив, правилник којшто ќе се следи, или техничко познавање. Треба да се осмисли нешто свежо и невообичаено, но, сепак, тесно поврзано и релевантно за она што се промовира. Откако ја имавме првичната идеја, имплементацијата беше лесна.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за дигитален маркетинг? 

Христијан Митрески: Моето време поминато на Академијата беше навистина трансформативно. Во текот на програмата изучивме 12 модули вклучувајќи Social Media Marketing, Google Ads, Email Marketing и Lead Generation меѓу другите. Академијата ни обезбеди една средина за учење каде што се стекнав со теоретски знаења и практични вештини, подготвувајќи да се истакнам во постојано еволуирачкото поле на дигиталниот маркетинг.

Елеонора Крстеска: Овие 12 модули ми поминаа динамично и брзо, се соочив со многу реални проекти и задачи кои ги завршував почитувајќи ги определените рокови. Академијата обезбеди одлична основа за моите понатамошни проекти. Секој модул ме научи на нови и интересни техники и алатки во областа на дигиталниот маркетинг. Не само што научив многу работи, туку и развив вештини и способности кои ќе бидат од непроценлива корист во мојата кариера.

Филип Русев: Открив дека понатака моето образование-патешествие би наликувало баш како Академијата, комбинација од теоретска и практична работа која е многу важна во развивањето на една кариера, бидејќи едното и другото се неразделни партнери кон успехот. Секој од модулите со себе си носеше нови интересни техники и алатки во областа на дигиталниот маркетинг. За крај би рекол дека едното парче или кариерното парче од мојата животна сложувалка ја открив баш овде на Академијата.

Мартина Мајсторовиќ: Почни го секој проект со длабока разработка на клиентот/купувачот. Што го мотивира, кои му се стравовите, кои му се соништата? Посвети најголемо време од проектот на тоа да се ставиш во негова кожа, и во 95% случаеви, резултатот е победничко решение.

Беадин Гугна: Моето искуство на Академијата покажа дека најважно е да се размислува стратешки. Тоа значи поставување јасни цели, таргетирање на публиката и оптимизација на кампањите врз основа на направените истражувања, што ќе резултура во ефикасни и ефективни кампањи. 



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!