Запознај го Филип Јаневски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој по комплетирањето на програмата ја започна својата кариера во компанијата WeDrive како Software Testing практикант.
Неговата посветеност и амбиција, резултираа со кариерен напредок како Quality Assurance Engineer, по завршување на праксата.
Во продолжение, си поразговаравме со Филип за неговото искуство
Здраво Филип, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Филип Јаневски, имам 22 години и сум од Струмица. а неодамна ја завршив и Академијата за Software Testing. Моментално сум вработен во компанијата WeDrive.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Ви благодарам. Академијата ги надмина моите очекувања оставајќи ме презадоволен од целата посветеност на асистентот и инструкторите и начинот на пренесување на знаењето.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Работењето на реални проекти и хакатони придонесe да ги совладаме стравовите од практична работа и ни даде прилика да видиме како би изгледал еден наш работен ден како тестер.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата WeDrive. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
WeDrive е новоформирана компанија која се занимава со маркетинг. Односно, маркетингот се одвива со лепење на реклами на автомобили. Седиштето на компанијата е во Струмица. Моментално почетокот е подобар од очекуваното. Работиме и на развојот на мобилната апликација WeDrive, која за некој период ќе биде достапна за сите.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Јас сум Quality Assurance Engineer и денот ми започнува со Daily Meetings. Бидејќи работам од дома, сите средби ги одржуваме на камера и кафето со колегите го пиеме онлајн. По првата средба, веднаш започнуваме со работа на постигнување на веќе поставените цели.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Опсегот на моите задолженија вклучува пријавување на багови, Regression Testing, Smoke Testing, пишување на тест сценарија. За краток временски период, ќе се префрлиме и на автоматско тестирање. Најдобро од тоа е што тестирањето ќе го вршиме со алатките кои ги користивме за време на Академијата.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви благодарам. Промените не се едноставна работа, но ако постои желба и волја за напорна работа, успехот е неизбежен. Дефинитивно Академијата за Software Testing е една од моите подобри одлуки и мислам дека секој кој сака да се запише на истата, нема да биде разочаран.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
