Во областа на образованието, еволуцијата е константна, па возбудени сме што можеме да споделиме неколку одлични вести со вас!
Веќе сте запознаени со Brainster како најнапредната едукативно-технолошка (EdTech) организација во земјата, па заедно со Brainster Next College, започнуваме едно ново поглавје во нашето работење.
Дали сте подготвени да бидете дел од иднината на образованието? Бидејќи нашата заедница расте и упатуваме покана до талентираните професионалци да ни се придружат во создавањето на квалитетно образование за вработување!
Нашата заедничка авантура бележи постојан раст и сè поголем обем на работа. Затоа, сакаме да објавиме дека имаме отворени огласи за 24 нови работни позиции, од кои 4 за вработени со полно работно време и 20 позиции за инструктори и професори. Сето ова е резултат на тимската работа, нашата заедница и нашите студенти кои стануваат сѐ побројни, а воедно бараат повеќе висококвалитетни можности за учење и да бидат вклучени во индустријата.
Да се вратиме на почетоците…

Иднината на образовнието
Се сеќавате кога сѐ започна во 2015 година? Еден вработен и неколку инструктори го означија почетокот на нашата авантура. А денес, Brainster еволуираше во семејство од над 70 вработени и 150 инструктори и професори. Овој раст ја означува довербата што студентите ја даваат во нашите програми, мотивирајќи нè понатаму да се развиваме.
„Во 2015 година започнавме со само еден вработен и 7 инструктори, за денес, речиси 8 години подоцна, нашето семејство да брои повеќе од 70 вработени и над 150 инструктори и професори. Ова укажува дека студентите стекнуваат сè поголема доверба во нашите програми, и овој рапиден раст за нас претставува уште поголема мотивација да продолжиме да се развиваме, но и клучна пресвртница во визијата на Бреинстер за обликување на иднината на образованието. За таа цел, ги бараме најдобрите за да останеме најдобри – посветени, иновативни и со страст за пренесување на знаење“, вели Петар Ниновски, основач на Brainster и Brainster Next College, а воедно и извршен директор на Brainster.
Биди дел од заедницата што расте
Возбудливи можности ги чекаат потенцијалните членови на тимот кои ќе се придружат на Brainster или Brainster Next College. Новите работни огласи се однесуваат за координатор на реални проекти, графички дизајнер/аниматор, како и за лица кои се грижат за искуството и задоволството на студентите. Воедно, отворени се повеќе од 20 позиции за професионалци кои ќе се придружат на инструкторскиот тим на Brainster и ќе предаваат на Академиите. Потребни се експерти кои поседуваат познавања и вештини од ИТ сферата, како Front-End и Full-Stack програмирање, Data Science, Software Testing, но и професионалци од креативните индустрии како: дигитални маркетери, графички дизајнери, UX/UI дизајнери и менаџери на човечки ресурси.

Придобивки за вработените
Да не заборавиме и на поволностите. Во Brainster, негуваме уникатна организациска клима и култура која овозможува неограничени денови за одмор, флексибилни работни часови, приватно здравствено осигурување, работа на далечина, но и можности за постојан личен раст и развој. Но, еден од најпривлечните адути е можноста за континуираното учење и континуираното инвестирање на Brainster во надградувањето и едукацијата на своите вработени.
Можности за инструкторите
Растот на инструкторите е директно поврзан со растот и развојот на студентите. Нашите инструктори се врвни професионалци – експерти во областа, а нивните можности се сведуваат на: работа на заеднички проекти, подобрување на личните вештини, менторирање и развивање на нови кадри како и дигитална платформа за учење за полесно менаџирање на студентите, наставните планови и ресурсите за учење.

Патот кон успехот
Како компанија којашто започна како старт-ап, Brainster прерасна во напредна едукативно-технолошка организација. Работејќи во Македонија и Албанија, со гордост можеме да кажеме дека се рангираме меѓу ТОП 500 најуспешни компании врз основа на годишната нето добивка во 2022 година. Со 13 трансформативни едукативни производи, помогнавме на повеќе од 11.000 студенти, да направат кариерни трансформации и да ги надградат своите знаења вештини, преточувајќи го теоретското знаење во вештини од реалниот свет и учејќи под менторство на најдобрите професионалци од индустријата.
Нашите образовни програми
Искусете ја предноста на нашите образовни програми, кои се прецизно дизајнирани да ги опремат студентите со практични вештини кои се веднаш применливи во професионалната сфера по завршување на Brainster Академиите. Додека пак, соработката со домашни и интернационални компании овозможува студентите да ги направат долгопосакуваните кариерни трансформации и да започнат да работат на full-time или практикантски позиции,
Започнете со патување на иновации, раст и влијание. Ова е шансата да ни се придружите и да ја обликувате иднината на образованието, а воедно и да ги поместите границите и да го ослободите вашиот потенцијал.
Дознајте повеќе за отворените работни позиции и аплицирајте тука!
