Запознај ја Елеонора Крстеска – студент на нашата Академија за дигитален маркетинг која се реши да направи комплетна кариерна трансформација.

Нејзината желба за постојано учење на нови работи, резултираше со почеток на нејзината кариера уште пред да ја заврши Академијата, како Digital Marketing Intern во компанијата Smartify HR.

 

Си поразговаравме повеќе со Елеонора за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво на сите! Јас сум Елеонора Крстеска од Скопје, студент на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Јас сум личност која константно сака да се надградува со нови знаења и искуства, сакам предизвици и со тоа можам да ја изразам мојата креатвна способност. Слободното време го користам за читање книги, планинарење, вежбам јога и уживам во прошетките со моето куче.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е голема можност и предизвик, планирање и спроведување на креативност, допир со многу голем број на луѓе, исто така оваа професија е доста барана што ми отвара многу можности за во иднина. Сето тоа придонесе до моето запишување и започнување на кариера како дигитален маркетер.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Brainster ги надмина моите очекувања, програмата, реалните проекти, хакатоните, сѐ е толку добро организирано и испланирано. Најдобро од сѐ е што е онлајн, па може да се посетува од секаде. Академијата трае 8 месеци, опфаќа доста модули и материјали од дигиталниот маркетинг. Инструкторите на Академијата се искусни професионалци, така што се трудат да пренесат што е можно повеќе од нивното знаење.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Како студент гледав да не пропуштам предавања и да научам што е можно повеќе на предавањата. Предизвици ми беа реалните проекти, но и беа доста интересни за работа, најголем предизвик ми беше хакатонот којшто со повеќе труд и практика на наученото заврши одлично.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа интересни, но сепак можам да издвојам два коишто ми оставија најголем впечаток и беа доста интересни, а тоа се Content Marketing со Ива Дујак и Lead generation модулот со Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, нивните практични задачи и реалните проекти беа многу креативни и забавни за изработка.

 

Непосредно пред завршување на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како дигитален маркетер во компанијата Smartify HR. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Во Smarify HR се вработив преку платформата на Brainster, каде што ме повикаа на интервју, после една недела веќе започнав со мојата работа како маркетер. Среќна сум што ми ја укажаа оваа можност за учење, практикување на сѐ она што го имам научено и унапредување во мојата кариера.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Пред сѐ, истражување, планирање и спроведување на тој план. Брендирање, креирање на контент, работа на веб страницата и водење на социјалните мрежи, се едни од моите сегашни задачи. Ми се допаѓа флексибилноста на оваа работа, новото искуство и моите предизвици.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Без разлика дали сакате кариерна промена, надградување или желба за нешто ново би ви препорачала да пробате и да успеете во вашата цел. Тимот на Brainster е супер, така што ќе ви го олесни учењето. Онлајн настава, снимени предавања и добри инструктори е сѐ што ви е потребно. 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!