Запознај ја Дукица Павловиќ – студент на нашата Академија за Project & Product Management, која реши да ги надгради своите вештини и знаења во областа на проектен и продукт менаџмент.

 

Име и презиме: Дукица Павловиќ

Академија: Академија за Project & Product Management

По професија сум: Раководител на канцеларија за меѓународна соработка.

Од првиот час на Академијата паметам: Позитивни и колегијални ентузијасти кои се подготвени да го надградат своето знаење и да растат како личности.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Што е можно повеќе за проектен и продукт менаџмент.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Проектен менаџмент отсекогаш ми била интересна област на знаење, па затоа и ја одбрав оваа Академија. Продукт менаџмент, пак, е одличен додаток за дополнителни знаења, земајќи предвид дека двете области се доста поврзани една со друга.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Со нетрпение го чекав модулот за буџетирање и откако го дочекав, сфатив дека е можеби еден од најкорисните модули на целата Академија (досега).

После предавањата секогаш: Сум задоволна со себе затоа што сум научила нешто ново.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Потребата за поседување технички вештини.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Професионално препородување!

Оваа област за мене значи: Надградување на моите познавања и вештини, професионален раст и личен развој.

Во слободно време: Поминувам квалитетно време со луѓето што ги сакам и се трудам да патувам во секоја можна прилика!

Сакам да читам: Трилери, но секогаш се навраќам на Хари Потер.

Сакам да гледам: Netflix серии, најчесто криминалистички.

Омилен цитат: “Aut inveniam viam aut faciam” („Јас, или ќе најдам пат, или ќе направам“).

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!