Со тимска соработка, споделување на знаење и желба за успех до победничко решение

За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти ја употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата, учество на 48-часовен хакатон во живо.

Сѐ започна со одржувањето на најголемиот Brainster live хакатон досега, на кој учествуваа 140 студенти од 5 Brainster академии (Front-End, Full-Stack, UX/UI дизајн, Software Testing и Project & Product Management), како и студенти од Brainster Next College, а во трката по најдобро решение за клиентот SCiDEV, сите добија нешто по кое ќе го памтат ова возбудливо искуство.

 

 

На овој Хакатон, студентите посветено работеа на најдоброто решение, односно изработка на иновативна едукативна веб платформа за автоматизирано организирање на настани.

Последните 2 часа од 48-часовниот хакатон беа исполнети со многу емоции, а на крајот сите студенти ни покажа дека целиот труд и посветеност навистина вределе.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тим 8, составен од членовите: Благој Ѓорѓиев, Јоана Карадаковска, Панде Бојаџиев, Ѓорѓи Велковски, Филип Ѓорѓиевски, Сања Боцеска, Константин Јовиќ, Игор Талевски, Елеонора Богдановска, Елвир Иљазоски, Андријан Тасевски и Давид Петковски.

 

Во продолжение, си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на овој Хакатон

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, споделете ни нешто за себе.

Благој Ѓорѓиев – студент на Академијата за Project & Product Management. Благодарен сум имав можност да работа со исклучителен тим на реален проект во диманична и интересна средина.

Филип Ѓорѓиевски – студент на Академијата за Software Testing. Хакатонот беше уште едно одлично искуство за сите нас и со одлична соработка помеѓу тимот, резултатите беа неизбежни.

Сања Боцеска– студент на Академијата за Software Testing. Среќна сум што имав можност да учествувам на ваков настан и благодарна на Brainster што ни овозможи одблиску да ја искусиме работата во мешан тим.

Константин Јовиќ – студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Интересен и многу корисен настан кој ни овозможи работа на реален проект во реални услови.

Игор Талевски – студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Значаен настан за нас како почетници, одличен начин за да се стекнеме со практично искуство.

Елеонора Богдановска – студент на Академијата за Software Testing. Хакатонот беше одлично искуство каде добивме прилика да соработуваме со многу наши колеги од различни академии.

Панде Бојаџиев – студент на Академијата за UX/UI дизајн. Оваа ми беше прв хакатон во живо и имав одлично искуство, победата е само плус на сите колеги што ги запознав и искуството кое го створив работејќи под притисок и на реален проект.

Давид Петковски – студент на Brainster Next College. Хакатонот беше голем предизвик за мене, но како човек којшто сака предизвици, си поминав одлично.

Елвир Иљазоски – студент на Академијата за Software Testing. Учеството на овој хакатон беше големо искуство за мене и за целиот тим. Стекнатата пракса е вистинска придобивка за следните професионални предизвици.

Јоана Карадаковска – студент на Академијата за UX/UI дизајн. Со еден збор би го опишала хакатонот како хаотичен, но во најпозитивната смисла. Презабавно искуство кое ќе ни го обележи почетокот во нашите кариери. Големо фала на сите кои ни ја пружија оваа прилика и секако на моите колеги од тимот кои го направија ова искуство полесно и поинтересно. 

Ѓорѓи Велковски – eлектроинженер со седум години работно искуство од струката во енергетскиот сектор и две години работно искуство во ИТ сферата. Мојата страст кон програмирање и континуирано надградување на вештините ме поттикна да се одлучам за Академијата за Front-End програмирање. Учеството на хакатонот беше извонредна можност за мене да соработувам во тим со различен профил на луѓе, со кои иако штотуку се запознавме, одлично се согласувавме за да ги надминеме предизвиците во релативно краток рок и мило ми е што со заеднички сили постигнавме да го изградиме победничкото апликативно решение. 

Андријан Тасевски – студент на Академијата за Front-Еnd програмирање. Хакатонот беше незаменливо искуство каде што научив како да се посветам на суштината на продуктот и да ја преточам во реалност заедно со екипа од различни полиња во помалку од два дена.

 

 

Бевте дел од едно незаборавно искуство, односно да присуствувате на најголемиот Brainster Live Хакатон, каде што имавте задача во рок од 48 часа да испорачате предлог решение за SCiDEV. Најпрво, како си поминавте?

Нашиот тим имаше незаборавно искуство на Brainster Live Хакатонот. Настанот беше исполнет со енергија, дружење, размена на знаења и идеи со тимови од страсни поединци кои се собраа за да создадат иновативни решенија за SCiDEV и Brainster. Работевме неуморно, користејќи ги нашите различни вештини и средини, за да создадеме привлечни предлози во временската рамка од 48 часа. Атмосферата беше инспиративна, а колективната интелигенција и иновативност на сите тимови беше извонредна. Тоа беше неверојатен настан.

 

Раскажете ни повеќе за проектот. Која беше идејата и целта што требаше да се постигне?

Задачата за овој хакатон беше изработка на платформа за онлајн организирање на хакатони. Платформата требаше да им обезбеди на корисниците лесна регистрација на хакатоните за кои се заинтиресирани. За креирање на хакатоните, од нас беше побарано администраторски панел каде ќе можат да се креираат, следат и менаџираат настаните. По истекот на рокот за пријавување на хакатонот, апликацијата прави поделба на учесниците во еднакво распоредени тимови и генерира ексел извештај со сите податоци.

 

 

Како изгледаше целиот процес на работа и кои беа вашите задачи?

На првата brainstorming сесија ги дефиниравме потребните фунцкионалности за кои оценивме дека можеме да ги завршиме за период од 48 часa. Од овие фунционалности секој тим си постави задачи во координација со назначените ментори. Приоритет се даде на задачите од кои зависеа другите тимови за да се искористи максимално краткото време. Задачите динамично се менуваа во текот на хакатонот за да се адаптираме на предизвиците и да го одржиме проектот на замислената тараекторија.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата?

Главно инспирацијата доаѓаше од тимската соработка, личните искуства и нормално желбата за победа. Инспирација и мотивација црпевме и од соработката со останатите тимови во кои имаше талентирани индивидуи кои несебично го споделуваа своето знаење и искуство. Дополнително за пофалба се и тимот на Brainster кои се погрижија до крај да ја одржат позитивната атмосфера на настанот.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно вакво интересно решение?

Успешно се соочивме со предизвиците и притисокот со роковите за имплементација, пред сè, поради одличниот тимски дух во тимот каде преовладуваше отворена комуникација и одлична соработка помеѓу сите членови. Го поделивме проектот на задачи кои лесно можат да се извршат, дополнително осмисливме и алтернативни решенија за дел од првичните задачи за да го намалиме ризикот од неочекувани пречки. Постојано се споделуваа повратни информации од текот на задачите помеѓу сите тимови и се стремевме кон подобрување на резултатите во текот на целиот проект. Одржувањето на позитивниот став и победнички дух беше главна инспирација за креирање на токму вакво интересно решение.

 

За крај, што научивте од соработката и како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?

Можноста да работиме на реален проект во ваква интересна и динамична средина за нас е едно огромно позитивно искуство кое нè научи на многу реални предизвици кои би ги имале во иднина во нашите професионални кариери. Имавме можност одблизу да го набљудуваме развојот на еден проект во тимовите од различните академии, и истовремено да видиме како нашата работа влијае на нивната и обратно. Овој хакатон го заокружи нашето искуство на академиите кои ги посетувавме изминатиов период, и преку практична работа можевме да ги измериме нашите вештини и знаења кои ги стекнавме досега.

 

Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!