На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.

Под менторство на нашите инструктори Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, студентите со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот Herbalife.

Нивната задача беше да креираат Landing Page и на креативен начин да ја истакнат уникатноста на овој бренд.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Мартина Мајсторовиќ.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Мартина за нејзиното искуство на овој реален проект

 

 

Здраво Мартина! Што ќе ни раскажеш за себе?

Здраво дечки! Во кратки црти – дипломиран преведувач по англиски и германски јазик кој отсекогаш го занимале навидум неповрзани интереси: пишување, психологија и tech. 

Кога разбрав дека дигиталниот маркетинг е она што го поврзува сето тоа ‒ завршив курс на една друга академија, се вработив како Digital Communications Specialist ‒ и денес го работам она во што навистина уживам.

Тоа ми дава уште поголем boost да се усовршам што повеќе, и така се запишав на Академијата за Дигитален Маркетинг на Бреинстер.

 

Ти си една од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?

Искуството е одлично. Супер е што се работи на реални проекти – што не е случај на сите академии. Имаме контакт со клиенти, успешни ментори и маркетинг професионалци, што е голем бонус за networking можности.

 

Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?

Целта беше да се направи лендинг страница за производи на Herbalife. Предизвикот се состоеше од два дела: од една страна да се осмисли добар текст и структура која ќе генерира leads, и од друга страна да се искреира визуелно привлечна страница, оптимизирана за десктоп, таблет и мобилен.



 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Бидејќи Herbalife веќе имаат надалеку познат бренд идентитет, лендинг страницата требаше да го содржи препознатливиот изглед. Мојата замисла беше да се долови look & feel-от на постоечкиот бренд ‒ но во модернизирана, минималистичка варијанта.

 

Што би ни раскажала за чувството да се работи на еден ваков проект? 

Имав замисла како треба да изгледа страницата, и ако закочев некаде – истражував како да се реши тоа, ги потпрашував инструкторите, гледав туторијали. Искрено, додека работев на неа, часовите летаа. Вложив значително време во изработката на оваа страница, но она што го научив вредеше секоја секунда.

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?

Целокупното искуство што го стекнувам на Академијата е навистина големо. Особено ми се допаѓа што има голем број на практичната работа и проекти бидејќи тоа е тоа што нè подготвува за реални ситуации. Покрај теоријата и hands on искуството, тука се вежба и како да искомуницираме со клиентот, како да ги добиеме потребните информации да би ја доловиле нивната визија, и – најважно – како да го претставиме нашето решение пред нив.



Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!





AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!