Запознај го Филип Мицковски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој по комплетирањето на програмата ја започна својата кариера во компанијата Nebb Group како Software Testing практикант.
Во продолжение, си поразговаравме со Филип за неговото искуство.
Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Јас сум Филип Мицковски од Скопје, студент на Академијата за Software Testing, магистриран градежен инженер и QA практикант во компанијата Nebb Group. Мојот интерес за IT сферата датира одамна, а конкретно интересот за Software Testing се појавува благодарение на моето изразено аналитичко размислување, љубопитност и attention to details. Имајќи ја таа пасија за перфекција и денес, решив да си го остварам сонот и да започнам ново поглавје во мојот живот. За таа цел, одлучив да се запишам на Aкадемијата за Software Testing на Brainster.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Со оглед на тоа дека претходно немав искуство и познавања од IT областа, Aкадемијата за Software Testing беше едно прекрасно искуство за мене, исполнето со интензивно и интерактивно учење. Вештините и знаењата, со еден збор основата, што ја стекнав во Brainster беше од клучно значење за да можам да ја лансирам мојата кариера во IT сферата.
Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Позади секој успех се крие храброст, одлучност и посветеност. Јас сум човек кој е секогаш подготвен за нови предизвици и нови знаења, па затоа секоја нова вештина се обидував да ја совладам што е можно поуспешно. Уште од самиот почеток на академијата имав сериозен пристап кон совладување на целосната програма.
Благодарејќи на работата на реалните проекти добив одлична слика за тоа како изгледа работата на еден софтвер тестер, преку групните задачи се развива тимскиот дух, но и индивидуалната одговорност на секој член од тимот. Овие искуства беа бесценети за мене и со сигурност можам да кажам дека ми го трасираа патот кон новото работно место.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Nebb Group. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Nebb е компанија за индустриска дигитализација со седиште во Норвешка и испорачува контролни системи, контролни производи и софтверски инженерски услуги. На македонскиот пазар, компанијата е присутна повеќе од 10 години. Тимот во Скопје се состои од Software, QA, DevOps и Cyber Security инженери, UX/UI дизајнери, System Architects, Full Stack и Mobile девелопери.
Компанијата постојано се обидува да им даде шанса на студентите да стекнат искуство со работа на реални проекти, но и да ја почувствуваат работната атмосфера како дел од Scrum Team-от. Доказ за тоа се Nebb Summer School програмите кои вклучуваат менторирана пракса за идните Nebbonaut-и.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата позиција е QA Intern и сум дел од QA тимот на компанијата. Интеграцијата во Scrum Team-от започна веднаш, па како одминува времето, така и мојата улога и придонес во тимот се сѐ поголеми. Секој работен ден ми започнува со Daily Scrum Meeting каде што сите членови на Software Development тимот изнесуваат што било сработено претходниот ден, што треба да се сработи во тековниот ден, дали некој се соочува со одредени проблеми и слично. Потоа, следува возбудливиот дел, а тоа е тестирањето на продуктите и потрага по нови багови.
Бидејќи работата се одвива во двонеделни спринтови, секој втор понеделник спроведуваме Sprint Planning, каде тимот става акцент на што ќе се работи во тековниот спринт. На крајот од секој спринт се спроведува Sprint Retrospective, каде што се дискутира како се завршил спринтот и кои аспекти може да се подобрат за идните спринтови, и Sprint Review, како настан на кој на клиентот му го презентираме сработеното и се договараме за идните приоритети и работи кои треба да се работат.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Моите дневни задачи се состојат од пишување на тест сценарија, тестирање на продуктите, документација на багови и ретестирање. Како нов член на тимот, на почетокот имав можност да правам Exploratory Testing на проектот за подобро да ги разберам функционалностите и логиката на продуктите.
Откако успешно ги креирав своите први Bug Report-и, користејќи Azure DevOps, и истите беа отстранети од страна на девелоперите, добив прилика да извршам ретестирање на поправените багови на новата build верзија за да верификувам дека навистина се отстранети, како и Smoke Testing и Sanity Check на функционалностите. Кога продуктите се спремаат за deployment, вклучен сум и во процесот на Regression Testing на продуктите.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви благодарам! Мој совет до сите оние кои размислуваат за промена на кариерата е да бидат храбри и да ризикуваат, бидејќи најтешко е да се направи првиот чекор. А потоа, следува многу труд и уште повеќе учење за да се совладаат сите вештини кои се предвидени за изучување. Академијата за Software Testing е одлична можност за секој што сака да биде дел од IT светот и да остави свој белег во една од најбараните индустрии во моментов.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
