Запознај го Марио Трајчевски – студент на нашата Академија за Software Testing, кој се има одлучено за оваа област поради можноста за напредок, но и желбата да научи како функционира автоматското тестирање.
Студент: Марио Трајчевски
Академија: Академија за Software Testing
Професија: Студент
Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со колегите и инструкторите. Интересни разговори и мотивација за предизвиците што доаѓаат.
Ја одбрав оваа област бидејќи: По долго истражување на оваа област, се одлучив да изучувам software testing. Најмногу поради автоматското тестирање, но и поради можноста за напредок, работа со ИТ професионалци и др.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Selenium WebDriver
После предавањата секогаш: Најчесто истражувам за тоа што сме го изучиле и повторувам некои од вежбите. Меѓутоа, домашните ги завршувам наредниот ден.
Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Дали ќе имам доволно време да ги завршувам обврските, но како што започнавме со предавањата сфатив дека имаме доволно време за сите обврски.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Започнување кариера прво како Software tester, па потоа како QA engineer.
Оваа област за мене значи: Многу истражување, согледување на секој детаљ, креативност итн.
Во слободно време: Играм видео игри, гледам спорт (најчесто кошарка).
Сакам да гледам: Crime, документарци.
Омилен цитат: „Work smarter, not harder.”
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
