Запознајте го Филип Арсеновски – алумни студент од нашата Академија за Data Science, а воедно и еден од студентите кои покажаа најдобри перформанси за време на предавањата. 

Филип има работено на проектот „Најдобриот кошаркар на сите времиња? – Одговорот лежи во податоците“, а исто така и на проектот „Моќта на PowerBI прикажана преку Netflix визуелизација“ за кој заедно со својот колега Александар освоија прво место на интернационалниот предизвик за најдобра визуелизација во PowerBi.

Неговата голема амбиција и ентузијазам се главните виновници за постигнатиот успех во областа на Data Science, како и за неговото вработување како Business Intelligence Analyst во интернационалната компанија Cantab PI.



Си поразговаравме со Филип за неговите студентски денови и новото работно место

 

Филип, едно кратко резиме за тебе би изгледало вака: за помалку од една година – совладана програмата на Академијата со солидни резултати, 3 реални проекти во портфолио и на крај, вработување како Business Intelligence Analyst во Cantab PI. За што попрво да честитаме? 🙂 Но, како ти би го опишал искуството, од сопствена перспектива?

Со оглед на тоа дека доаѓам од инженерска сфера што не е поврзана со ИТ, наједноставно, моето искуство би го опишал како ролеркостер на емоции.  

Да бидам попрецизен, константно бев изложен на ситуации кои предизвикуваа измешани чувства. Почнувајќи од страв и анксиозност од непознатото, решителност и упорност за успех, гордост и исполнетост по секое признание и успешно совладана препрека. Сумарно гледано, totally worth it искуство.

 

Програмата на Академијата за Data Science е позната како најинтензивната во Brainster. Имајќи предвид дека ја заврши обуката како еден од најдобрите студенти во групата, кој е рецептот за успех на оваа Академија?

Не постои некој посебен рецепт за успех, освен веќе добро познатите: ред, работа и дисциплина. Можеби би додал дека треба да се има афинитет кон самата проблематика и желба за успех.

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 

Не би можел да издвојам конкретно некој модул, бидејќи уживав при совладувањето на секој од нив и секој си имаше некоја своја уникатност. Во поглед на фокусот, целата Академија побарува константна фокусираност, со цел, крајната слика за практичната примена на Data Science да биде целосна.

 

Честитки за твоето вработување! Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место. Со што се занимава оваа компанија? 

Благодарам на честитките! Конкретно, станува збор за хрватска компанија со седиште во Англија, која исклучиво работи во доменот на Data Science.

 

Што точно подразбира опсегот на твоите задолженија на новото работно место? На што точно ќе работиш?

Работам на позиција Business Intelligеnce Analyst, каде моите главни задолженија се насочени кон обработка на податоци и нивна визуелна презентација во форма на dashboard. Сето тоа овозможува полесно да ја разбереме приказната која податоците имаат да ни ја кажат на нас како тим, но од друга страна и на клиентот на едноставен начин да му ги презентираме резулатите од нашите решенија кои би го помогнале неговиот бизнис.

 

Раскажи ни како ти поминува еден работен ден? Кои техники и алатки ги користиш на дневно ниво?

На почеток од денот се задаваат работните обврски планирани за тој ден. Во главно, за подготовка на податоците се користи Python, а за изработка на dashboard-и Tableau, но исто така, во одредени ситуации, се користи и програмскиот јазик R и Power BI. На крајот од денот се врши евалуација на сработеното.

 

Кои моменти од Академијата за Data Science ти останаа најмногу во сеќавање?

Целата таа година помината на Академијата за Data Science e незаборавна, но од сите моменти, би го издвоил  моментот на прогласување на победникот и споделувањето на тие убави емоции со тимот, кога за прв пат работевме на реален проект за Маcedonia2025 и баш решението кое го сработивме ни донесе победа.

 

Твојот совет до оние коишто сакаат да направат кариерна трансформација во една од најпредизвикувачките и најплатените професии?

Решителност и желба. Најнапред за кариерна и животна променa, а потоа и за успех. Good luck!

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!